ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албански медиуми: СПАК го испитувал шест часа Неза од аферата Мекгонигал; ЕП бара да се вклучат сите гласови на опозицијата за изборната реформа; ЕУ бара појаснување за прекинот на српскиот динар во Косово

January 24, 2024 11:53
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното обвинителство во Албанија вчера цели шест часа го испитуваше Агрон Неза, кој се спомнува во досието на контроверзниот случај Мекгонигал, поранешен функционер на ФБИ, кој наводно добивал пари од поранешен вработен во албанските разузнавачки служби, пишуваат албанските медиуми.

Европскиот парламент ја одобри резолуцијата за Албанија, преку која Брисел апелира за вклучување на гласовите од опозицијата во процесот на изборните реформи за да се обезбеди вистинска застапеност.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Истраги за случајот Мекгонигал, Агрон Неза по 6 часа го напушта СПАК

Името на Агрон Неза се споменува во досието на поранешниот функционер на ФБИ, Чарлс Мекгонигал, кој наводно добивал пари од поранешен вработен во албанските разузнавачки служби и не пријавил контакти и врски со функционери од други земји.

Во документите за регистрација на компанија во Албанија, се покажа дека Мекгонигал е во Албанија како деловен администратор од 2007 година, кога владата ја предводеше Сали Бериша.

Агрон Неза вчера шест часа беше испитуван во СПАК, каде што беше повикан во функција на истрагата за случајот Мекгонигал, пренесе Топ Чанел.

Газета Тема – ЕП ја одобри резолуцијата за Албанија: Да се вклучат  сите гласови од опозицијата во Изборната реформа

Европскиот парламент ја одобри резолуцијата за Албанија, преку која Брисел апелира за вклучување на гласовите од опозицијата во процесот на изборните реформи за да се обезбеди вистинска застапеност.

Во препораките на ЕП се повикува на конструктивен и сеопфатен политички дијалог од сите партии, се бара ангажман на опозицијата во Изборната комора, како и потреба од истражни комисии како витална контролна и балансирачка функција на Собранието.

„Мора да се користат различни средства за надзор, вклучително и истражни комисии, за зајакнување на одговорноста и демократското владеење во Албанија“ – апелира ЕП, пренесе Газета Тема.

КОСОВО

Газета Експрес: Шефот на канцеларијата на ЕУ загрижен за Регулативата која го исклучува динарот од оптек, бара појаснување од ЦБК

Новата регулатива на Централната банка на Косово која ќе стапи на сила на 1 февруари 2024 година наиде на многу реакции. Загриженост за ваквата регулатива покажа и Европската унија, пишува Газета експрес.

Шефот на Канцеларијата на ЕУ, Томас Шунјог, вчера го посети  гувернерот на ЦБК, Ахмет Исмаили, за да разговара за оваа регулатива која го менува работењето во готовина и која го регулира процесот на постапување со повлекување банкноти и евро монети и други валути кои се осомничени дека се фалсификувани.

Бота Сот: ЦИК ја прифати петицијата за разрешување на градоначалникот на Зубин-Поток

Централната изборна комисија (ЦИК) ја прифати петицијата за разрешување на претседателот на Зубин-Потоку, Измир Зеќири.

„Можам да потврдам дека досега го прифативме барањето со собрани потписи за проверка од страна на претседавачот на општинското собрание на Зубин-Поток. ЦИК, согласно важечката законска регулатива, ќе ја верификува листата на потписи, пренесе Бота Сот.

КОЛУМНА

Коха: Би било неодговорно да не се зборува за можна војна

„Точно е дека спомнувањето на војна поттикнува загриженост, влијае на зголемување на тензиите и ги попречува инвестициите.

Но, да не зборуваме за можноста за војна, исто така, би било крајно неодговорно. За жал, Косово сè уште не може да живее во верувањето дека мирот и слободата се загарантирани“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „ Би било неодговорно да не се зборува за можна војна“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Родители за паричната помош за учениците: Ни значат тие 1.200 денари, ќе ги користиме за месечен џепарлак за децата

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk