ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Со поддршка на ЕУ креираме модерен советодавен систем во земјоделскиот сектор, 90 обучени советници ги ставаме на располагање за земјоделците

January 25, 2024 19:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Н.Е. Дејвид Гир, ги доделија сертификатите за 90 обучени советници кои ќе има бидат на располагање на земјоделците.

Ова е уште еден успешен проект кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го реализира со финансиска поддршка од Европската Унија: Модернизација на Советодавните услуги за оператори од областа на земјоделството во Северна Македонија.

Креирањето на нов модерен советодавен систем е во рамките на унапредувањето на земјоделскиот сектор и дигитализацијата на министерството.

„Земјоделството не е само мерки, политики и субвенции. Земјоделството е комплексна структура која бара следење на светските трендови, добра информираност и примена на добри земјоделски практики. А за тоа е потребно да се има развиен систем на услуги кои ќе ги покријат сите прашања. И токму тоа ние го овозможивме со успешната реализација на проектот за советодавни услуги, кој беше исклучително потребен за да им помогнеме на сите оние кои одбрале земјоделскиот сектор да им биде животна професија и извор на егзистенција“ изјави министерот Николовски.

Со цел полесна и поголема достапност до сите услуги, мерки, програми, политики на министерството и сродните институции, во рамките на проектот беа обучени 90 советници од различни области, на кои денеска свечено им беа доделени сертификатите, со што советниците официјално ќе се регистрираат во Регистарот кој го води МЗШВ и кој е отворен за сите професионалци кои ги исполнуваат условите за упис.

Хронологијата на настаните од идеја до реализација, започнува во јануари 2022 година. Првиот чекор беше формирање на работна група, потоа следеа  консултативни состаноци и конкретни активности,  креирање на нацрт закон, изготвување на оперативни процедури, проектирање и реализација на обуки за советници. Донесен е нов Закон за советодавен систем, изготвени се 4 правилници кои произлегуваат од законот, имплементиран е нов Регистар на советници кој е составен дел од развиен ИТ систем. За да го доближиме системот до секој земјоделец и секој граѓанин кој сака да биде во тек со сите трендови во земјоделството, набрзо ќе лансираме и мобилна апликација која ќе биде достапна бесплатно, за сите земјоделци и сите граѓани.

Системот вклучува Електронски јавно достапен Регистар на даватели на советодавни услуги и модерен ИТ систем кој вклучува и лесно достапна мобилна апликација и кој ќе се претвори во главен извор на информации за земјоделците ИТ системот заедно со мобилната апликација ќе бидат наскоро пуштени во употреба како дел од дигитализацијата на услугите на МЗШВ, чии функции покрај рано известување на применување на одредени агротехнички мерки би имале и вмрежување за полесен пренос на знаење меѓу самите земјоделци, редовна информација за сите активни јавни повици по програмите за поддршка, достапност на електронска литература поврзана со специфично производство, интеграција со систем за рано известување кој во соработка со УХМР навремено ќе ги известува земјоделските стопанства за промени во климатски услови. Влијанието од тоа би било потенцијална заштеда на ресурси, особено водните ресурси како и навремена заштита од било каков вид непогода, регионално известување за евентуални стручни работилници или семинари поврзани со производството во организација на АПРЗ, инфо денови за ИПАРД програмата, презентации на тема рурален развој и директни плаќања, јавни огласи и повици за земјоделско земјиште, заштитени традиционални производи, географски ознаки, електронски информации за акредитирани лаборатории за апробации, фито-сертификати, програми за обуки во земјоделството и сите услуги кои ги нуди МЗШВ и сродните институции.

„Сето ова укажува на комплексноста на овој проект. Ова е прв проект воопшто во МЗШВ досега, кој е највисоко оценет од ЕУ и кој успеал за времетраењето на проектот да биде донесен Закон и воспоставен Систем за советодавни услуги. И треба да биде пример како се реализира проект кој веднаш станува корисен, веднаш е применлив во пракса. Проект кој ги оправдува и парите кои се инвестирани и вложениот човечки потенцијал. Проект кој е самоодржлив и кој ќе продолжи да функционира и да им служи на земјоделците уште долги години по неговото завршување“ подвлече министерот Николовски.

За да го осигуриме неговото континуирано функционирање, со Законот предвидуваме и формирање на работно тело, односно Совет за мониторинг и координација на Системот, кој ќе биде составен од претставници од 21 различни институции, агенции, научни институти и високообразовни установи, како и  од стопанските комори и претставници од најголемите земјоделски здруженија кои се евидентирани како економски и социјални партнери на Министерството.

Европските држави имаат силно развиено земјоделско производство, кое им носи профит и е сигурен извор на егзистенција. А тоа е и нашата цел, за нашите земјоделци, за нашиот агросектор.

Министерот Николовски упати голема благодарност до Делегацијата на Европската Унија и до  проектниот тим за нивната интензивна и неуморна работа и им честиташе на сите советници добитници на сертификати за советодавни услуги во македонското земјоделство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГирМЗШВНиколовски

НАЈНОВО

Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

Семејствата на починатите во „Пулс“ бараат финансиска помош од државата и снимање на судската постапка

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk