ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ЕлектоМетар: Фронт за Европа – владината коалиција, на избори би освоила до 54% гласови, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ до 39%

January 26, 2024 15:49
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Истражувањето ЕлектоМетар на институтот „ПРЕСПА“ – Скопје – со спроведените три експерименти и опфатени 14.000 различни сценарија ги анализира комбинаториките и сценариата кога на парламентарните избори 2024 година би се појавиле пет блокови на политички партии.

Притоа блоковите би биле составени според моменталните најави на групирање: владината коалиција; коалицијата која гравитира околу ВМРО-ДПМНЕ; блок кој ја претставува албанската опозиција; блок кој го доминира Левица; и блок во кој се останатите политички партии, но според податоците ќе биде доминиран од ЗНАМ – Максим Димитриевски.

Експериментите на ова истражување се засноваат на неколку клучни претпоставки: дека Владината коалиција ќе настапи заеднички со предизборна листа, односно дека сите политички партии ќе функционираат како групи на овој начин, дека моделот се составува според последната анкета за која имаме податоци во целост, од декември 2023, или 6 месеци пред изборите, дека моделот се иззема од разгледувањето на сентиментот на гласачите и јавниот дискурс, дека маргината на грешка на моделот е +/-3,55%.

Коалоцијата на ВМРО-ДПМНЕ има околу 4% шанси да освои најголем број пратеници и притоа да дојде во позиција да го предложи составот на новата влада.

Според истражувањето: Блок 1, односно владина коалиција би освоил – 49,50% до 53,83% од важечките гласови, Блок 2, односно опозициската ВМРО ДПМНЕ и нејзината коалиција би освоила – 36,45% до 39,79% од важечките гласови, опозиционите партии на Албанците – Блок 3 – 1,32% – 1.93% од важечките гласови, Блок 4 – 2,07% до 3,79% од важечките гласови и Блок 5 – 4,12% до 6,80% од важечките гласови.

Податоци, претпоставките и моделот на ЕлектоМетар укажува на момент во кој само два блокови имаат шанса да состават мнозинство или пак да освојат најмногу гласови. Притоа, вториот блок – коалоцијата на ВМРО-ДПМНЕ има околу 4% шанси да освои најголем број пратеници и притоа да дојде во позиција да го предложи составот на новата влада.

ЕлектоМетар претставува истражување и аналитичка алатка за следење на изборите и постапување на гласачите. Истражувањето претставува долгорочен потфат за анализа на изборни постапувања и следење на однесување на гласачи, а со цел утврдување на недостатоци и/или злоупотреба на изборниот процес. Во истражувањето беше вклучена експертизата на Блинк Маркетинг и Медиа за анализа на податоци и податочни модели.

Во истражувањето биле вклучени јавно достапни податоци од Државната изборна комисија, Државниот завод за статистика и анкетни истражувања на јавното мислење.

„Влезни податоци од ДИК беа описите на гласачките места, самите гласачки места и нивната геолокација, како и изборните резултати од сите изборни циклуси во периодот 2013 -2021 година. Притоа исклучени се локалните избори за градоначалници во 2013 и 2017, односно првиот круг од претседателските избори во 2014 и 2019 година. Конечно, земени предвид беа и податоците за излезност за истиот временски период, 2013 – 2021. Влезни податоци од Државниот завод за статистика беа податоците од пописот 2021 година, односно демографијата на населени места прилагодена по изборни единици. За анкетните истражувања, влезни податоци беа демографијата на политичките партии, намера за гласање и поддршката за политички партии, како и пропорциите на поддршка за политичките партии. Земени беа податоци од анкети кои ги работевме во Институтот „Преспа“, како и податоци достапни од анкети на Меѓународниот републикански институт, Националниот демократски институт, и уште неколку македонски тинктенк организации“, наведуваат од ЕлектоМетар на институтот „ПРЕСПА“ – Скопје.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „ПРЕСПА“ – СкопјеЕлектоМетаризбори

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk