ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изборот на Џафери придонес и за зголемување на меѓусебната доверба меѓу етничките заедници

January 29, 2024 14:32
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Техничката влада предводена од Џафери, покрај тоа што ќе треба да го продолжи истиот политички курс што го следеше Владата предводена од Димитар Ковачевски, треба да ѝ обезбеди на земјата фер, демократски и кредибилни избори според меѓународни стандарди“, овие се очекувањата на политичките аналитичари со кои разговараше „Фронтлајн“ од три месечниот мандат на Талат Џафер и неговиот технички кабинет.

– Не се очекува ништо ново освен задржување на истиот курс која го имаше владата на Ковачевски и секако дека очекуваме идржување на фер и демократски избори а предуслов за тоа ќе биде изборот на членот на опозицијата во ДИК инаку во спротивно ќе се даде лоша порака и можност за оспорување на изборниот процес. Компетенциите на оваа техничка влада се лимитирани но и оваа тело е орган кој одлуките ги донесува во седниците на истата со внатре коалициски преговори и договори но сепак крупни чекори не се очекуваат поради изборите кои веќе се толку блиску до нас, вели за „Фронтлајн“ – претседателот на НВО „Пулсот на Демократијата“ – Енвер Салихи.

Сметам, додава тој, дека изборот на Талат Џафери е еден добар статистички показател за тоа дека во клучни позиции е можно да има и лица кои не се од македонска етничка заедница кое ќе придонесе за понатамошно зголемување на меѓусебната доверба меѓу етничките заедници во Северна Македонија.

И универзитетската професорка Ана Чупеска оценува дека техничката влада треба да обезбеди кредибилни избори и изборите и сè што е неопходно за функционирањето на институциите и безбедност на земјата.

– Техничката Владата има должност да ја обезбеди кредибилноста на изборите и сè што е неопходно за функционирањето на институциите и безбедност на земјата. Во таа смисла да осигура дека сите тековни работи на егзекутивата ќе се одвиваат во најдобар ред, изјави Чупеска за „Фронтлајн“.

Техничкиот премиер на Северна Македонија, Талат Џафери, по стапувањето на функцијата, рече дека Уставот и законот ќе бидат основа врз која ќе ја заснова секоја одлука на Владата. Тој изјави дека примарна задача на оваа влада е подготовка, организација и спроведување на слободни, фер и демократски избори.

– Несомнено дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни и фер демократски избори во директна отворена и законита процедура и соработка со Собранието. Затоа Владата ќе ги спроведе сите законски предуслови со Мисијата на ОБСЕ, ОДИХР, со ДИК, ЕУ и САД ќе ги споведе сите оперативни предуслови со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во изборната кампања и самите избори со цел да се одржат избори со целосен легитимитет на изборната волја на граѓаните, рече Џафери.

Тој најави одржување и унапредување на стратешкото партнерство со ЕУ, НАТО и САД, како стратешки цели поддржани од независноста на државата, а особено во актуелниот геостратешки момент.

На 8 мај, покрај за парламентарни, ќе се гласа и за втор круг од претседателските избори. Првиот круг од трката за шеф на државата, пак, ќе се одржи на 24 април.

Дестан Јонузи

Tags: Ана ЧупескаЕнвер СалихиизбориТалат Џаферитехничка влада
Next Post

Москва подготвува услови за дестабилизација на Молдавија додека рускиот прокси лидер во окупираниот регион Придњестровје повикува на воена подготвеност

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk