ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Најмалку 13 загинати проирански борци во напад на САД на цели во Сирија и Ирак

February 2, 2024 23:35
in BREAKING NEWS, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американските сили извршија воздушни напади врз иранската револуционерна гарда и милициските групи поврзани со Техеран, погодувајќи повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија, соопшти американската војска.

„Силите на Централната команда на САД (CENTCOM) извршија воздушни напади во Ирак и Сирија против силите Кудс на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и поврзаните милициски групи. Американските воени сили погодија повеќе од 85 цели, со бројни авиони, вклучително и бомбардери кои лета од САД. Објектите што беа погодени вклучуваа командни и контролни оперативни центри, разузнавачки центри, ракети, проектили, складиште за беспилотни летала и објекти за логистика и синџир на снабдување со муниција на милициските групи и нивните спонзори на ИРГЦ кои ги олеснуваа нападите против силите на САД и на коалицијата.

Во изјава за Си-Ен-Ен, висок претставник од американското Министерство за одбрана нагласи дека не се таргетирани цели во Иран.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека одговорот за загинувањето американски војници започнал денеска и дека САД не бараат конфликт на Блискиот Исток.

„Американските воени сили нападнаа цели на објекти во Ирак и Сирија што ИРГЦ и поврзаната милиција ги користат за да ги нападнат американските сили. Нашиот одговор започна денес. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор.  САД не бараат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот. Но, нека го знаат ова сите оние кои би сакале да ни нанесат штета: Ако му наштетите на Американец, ние ќе одговориме“.

Одмаздничките напади дојдоа како одговор на нападот со беспилотно летало на милитантите поддржани од Иран врз американска воена база во Јордан во неделата, при што загинаа тројца американски војници, а беа ранети повеќе од 40 други.

Најмалку 13 проирански борци беа убиени денеска во воздушните напади на САД, чија цел беа упоришта на проирански борци во источната провинција Деир ал-Зур, Сириска опсерваторија за човекови права. Цел на воздушните напади беше регионот Хаидарија во пустината на градот Ал-Мајадин.

Цел на нападите биле и областа Ал Хизам и индустрискиот кварт во градот Ал Букамал во близина на сириско-ирачката граница, според Сириската опсерваторија за човекови права.

Според нив, воените авиони уништиле 17 локации во Деир ал-Зур во три рунди воздушни напади врз Ал-Мајадин и еден круг на Ал-Букамал.

Американските извидувачки авиони продолжуваат интензивно да патролираат во воздушниот простор над регионот, соопшти таа организација.

Tags: ИракИранСАДСирија
Next Post

Русија, Иран и германската АфД нема да бидат поканети на безбедносната конференција во Минхен

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk