ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руските судови изрекуваат апсурдни пресуди на лица означени како екстремисти, само затоа што прикажувале ЛГБТ симболи

February 2, 2024 15:44
in ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Дејв Френкел/Твитер

Фото: Дејв Френкел/Твитер

Share on FacebookShare on Twitter

Два руски суда оваа недела ги изрекоа првите пресуди во врска со она што владата го нарекува „меѓународно ЛГБТ социјално движење“ кое минатата година беше означено како екстремистичко.

Во четвртокот, судот во јужниот регион на Волгоград прогласи за виновно едно лице за „прикажување симболи на екстремистичка организација“ откако објавил фотографија од ЛГБТ знаме на интернет, објави прес-службата на судот, пренесува Гардијан.

Човекот, познат само како Артјом П, кому му беше наложено да плати казна од 1.000 рубли (8,69 фунти), ја призна вината и се покаја, велејќи дека ја објавил сликата „од глупост“, соопшти судот.

Во понеделникот, друг суд, во Нижни Новгород, источно од Москва, осуди жена на пет дена административен притвор за носење обетки во облик на жаба на кои се прикажува слика на виножито, соопшти Егис, група за права на ЛГБТ лицата.

Жената била повикана во полициска станица откако маж се снимил како ѝ приоѓа во кафуле и барал да ги извади обетките и го објавил тоа на интернет.

Следната недела во Саратов, југозападна Русија, ќе продолжи судењето на 33-годишна жена, за која ЦИВИЛ МЕДИА објави дека била обвинета за екстремизам според новите закони кои ја криминализираат поддршката за ЛГБТК заедницата, откако објавила слики од знамиња со виножито на Инстаграм.

Знамето на виножитото ја претставува заедницата на лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови лица. Рускиот закон забранува секој во земјата да ги „прикажува симболите“ на организациите што ги смета за екстремистички, список што ја вклучува и социјалната мрежа Мета.

Врховниот суд на Русија го забрани „ЛГБТ движењето“ во ноември минатата година, продолжувајќи ја шемата на зголемени ограничувања за изразување на сексуална ориентација и родов идентитет.

Законот усвоен минатиот јули ги забрани правните или медицинските промени на полот за трансродовите Руси, а законот за забрана на промовирање на „нетрадиционални“ сексуални односи е на сила повеќе од една деценија.

Како што објави предходно ЦИВИЛ МЕДИА, русија станува сè понепријателска средина за маргинализираните групи, при што претседателот Владимир Путин го застапува она што Москва лабаво го дефинира како „традиционални семејни вредности“. Големата воена интервенција на Москва во офанзивата во Украина често се прикажува во Русија како борба против западните либерални вредности.

Иако по падот на Советскиот Сојуз, во Русија беа направени неколку законски измени кои ги зајакнаа правата на ЛГБТК, но, иако овие промени имаа позитивно влијание во текот на 1990-тите, нивното наследство во голема мера беше уништено за време на владеењето на Владимир Путин.

Во последната деценија, руската држава започна насилно промовирање на конзервативизмот, кој се гради врз следниве принципи: акцент на државните интереси, почитување на авторитетот, религијата како духовна сила, патриотизмот како морална основа, руската посебна улога заснована на нејзините уникатни традиции и вредности и хетеронормативни поими за родот и сексуалноста. „Традиционалното семејство“ и патријархалните идеали ефективно се претворија во прашање на национална безбедност и опстанок.

Конзервативниот авторитаризам на Путин има големо влијание врз актуелната социо-политичка клима во земјата, олеснувајќи ја цензурата на ЛГБТ темите, забраните на ЛГБТ настаните и јавната хомофобија поддржана од државата. Руските власти постојано ги забрануваа парадите на гордоста и другите настани, одбиваа да регистрираат ЛГБТК организации и издаваа хомофобични изјави.

Најзагрижувачки е тоа што конзервативната политичка парадигма на Кремљ поттикна бран на хомофобични напади, омраза и дискриминација. Според истражувањето спроведено од Александар Кондаков, има значително зголемување на бројот на злосторства од омраза по усвојувањето на законот за забрана на дистрибуција на ЛГБТК пропаганда на деца во 2013 година. Полицијата не нуди доволна заштита од насилство против ЛГБТК, а полицајците дури и самите го овековечуваат.

Драган Мишев / Цивил Медиа


ПРОЧИТАЈТЕ И:

Tags: ЛГБТмаргинализирани групирепресијаРусијасудски пресудихомофобијачовекови права
Next Post

Спасовски: Законот за рестриктивни мерки не треба да се повлече, стратешкото партнерство со САД е значајно за нас

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk