Одлуката на Арбен Таравари да оди со етничко албанската опозиција е во најмала рака чудна, бидејќи оваа политичка партија е владејачка партија, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски, коментирајќи ги последните збиднувања во Алијанасата за Албанците.
– Тоа што долго време се шпекулираше, веќе стана јасно и за пошироката јавност. Алијансата на Албанците се дели внатрешно на половина, со приврзаници меѓу актуелениот лидер Арбен Таравари и поранешниот лидер Зијадин Села. Одлуката на Таравари да оди со етничко албанската опозиција е во најмала рака чудна, бидејќи оваа политичка партија е владејачка партија, изјави Атанасоски за Фронтлајн.
Од друга страна, додава тој, по сите информации што излегуваат на површина, тој таа своја одлука ја донел без никакви внатрепартиски процедури, и ќе видиме дали истата ќе се почитува.
– Исто така е симптоматично зошто оди со овој фронт, кога самиот има изјавено дека по препорака на стратешките пријатели, тој влегол во власта за да го засили проевропскиот брод на евроинтеграциите. Со оваа одлука испаѓа дека тој прави политички потег со кој го напушта овој тренд и оди на страната на силите кои не ги изгласаа уставните измени за внес на Бугарите во Уставот како услов без кој не се може да се продолжат евроинтеграциите, нагласи Атанасоски.
Дестан Јонузи