ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кога Села го запозна Таравари

February 7, 2024 11:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ 

Последниве неколку денови се дигна голема „ларма“ во јавноста поради партијата на Таравари (или партијата на Села?) со име „Алијанса за Албанците“, партија која во својата програма вели дека се залага за мултикултурализам и останати убавини кои ни ги нуди демократијата.

Во основа, знам по нешто за господинот Арбен Таравари, знам дека е доктор, знам дека беше министер за здравство во владата на Заев, знам дека е актуелен градоначалник на градот Гостивар (фин град, убав бурек!), исто така знам дека во јавноста е голем позер и „кокета“: артикулиран е човекот, рака на срце, стално нешто се буни и речиси секогаш нешто не му е по волја, знам дека денес е во владата на Ковачевски, практикува моќ човекот; и генерално тоа е сè што за него знам; за господинот Села, пак, знам дека за малку ќе беше убиен од толпите на Груевски на тој фамозен 27-ми април 2017 година, па откако се конституира новата влада на Заев, за Села некако ми стана жал (ме држи уште!), мислам, ми стана жал затоа што ем го убија од ќотек, ем овој после неколку години влезе да коалицира со Мицкоски. Мазохизам ли е, ги сакаат ли луѓето своите џелати, кој ќе го знае, длабоки се и комплицирани човековите „ментални тајни“.

Потоа прочитав во јавните гласила дека на господинот Таравари некој му испратил куршум на неговата домашна врата, па овој беседеше нешто од типот, „Може мене да ме убиете, ама промените доаѓаат“ или нешто во тој стил, па си реков на себе, помалку цинично (и непростиво за мене!) „Ненаде, јеботе бог, каква драма-квин е човекот“. Попатно, барав референци на оваа Таравариева синтагма, чисто да видам што сонува, а што му се случува. Кога вака, гледам партиски кошкања, господинот Села, нели, бивш претседател на АА, му замерува нешто на господинот Таравари поради „партиската постапка“ од типот „никој не е поважен од нашето колективно тело“ или нешто во тој стил. Некој го спомна и статутот на партијата, а јас кога некој ќе ми спомне статут на партија, жими нана, за пиштол се фаќам (парафраза на Б. Миљковиќ за културата). На нивните меѓусебни препукувања се јавија и некои партиски функционери со „опозициски предзнак“ кои „остро му се спротивставија“ на Села, или му се спротивставија на Таравари, тоа, за мене, вајстина, остана енигма. Не се знае што точно тука е проблемот. Единствено кое се разбра е дека господинот Таравари претставува (глуми?) жртва од позиција на моќ: ем практикува извршна, ем практикува локална власт. Да се чудиш, комшија!

На ова, се прашувам, што би рекол обичниот граѓанин Албанец кој нема моќ, нема партиска инфраструктура, не е претседател на партија, не практикува моќ и не е градоначалник на град? Веројатно ништо, ќе ги крене раменичињата и напросто ќе се чуди до каде оди волјата за моќ. Понекогаш, навистина, човек останува нем кога чита вакви кавги, подјебања и тешки глупости. Понекогаш единствениот интелегентен одговор е – да не дадеш одговор поради бестијаноста на одвратната волја за моќ.

Понекогаш верувам (a верувам затоа што немам докази – а ако немам докази – моето верување е метафизичко: сè е зло, и тоа никогаш не е банално; апропо како контратеза на „Злото е банално“ на Х. Арент.

Многу идеологии се манифестација на злото, ама самото зло е надидеолошко. Идеологијата е беден обид да се понуди поедноставена (и кобајаги) целовита слика на светот. Злото, од друга страна, пак, нè потсетува дека светот е секогаш покомплициран – оттука и поужасен – од било кое што сме во состојба да го замислиме.

Ниче (не оној македонскиот, ами правиот, Фридрих!) еден ден отиде да се шета низ улиците на Торино. Тамо сретнува насмрт претепан коњ. Клекнува, го прегрнува животното и потонува во лудило од кое никогаш не излегува. Умира 11 години подоцна. „Мајко, глупав сум“, биле неговите последни зборови.

Ако нешто разбирам, тогаш тоа е кога човек вели не можам повеќе: момент кога не можеш да поднесеш ниту капка монструозност со која сме опкружени.

Претепаниот коњ; на силен дожд надвор оставен да ‘рика; куршум оставен пред нечиј дом со порака за убиство; закани на активисти на социјални мрежи, пораки за стрелање, пораки за бесење и убивање… Ништо од ова, всушност, не може да се преживее кога гледате што прави тоа десно застранување на земјата во која живеете. А од друга страна, стравот е тој што нè тера да бидеме активни за да ги заштитиме другите од мрежите на пајаците кои се вткaени oд традициите, историјата, идеологијата…

Најголемиот трик на злото е да ве убеди дека тоа не постои, тоа го знаат дури и холивудските сценаристи.

Со идеологијата на оправдување на злото должни сме да полемизираме. Против злото должни сме да се бориме. Таквата борба е предуслов за човечност. Нема ништо пониско и победно од таканаречените интелектуалци кои ве убедуваат дека тие се над доброто и над злото. Таквите длабоко се навлезени во зло, стојат над самото апокалиптично дно.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌСелаТаравари

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk