ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ги донесе измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри

February 7, 2024 15:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во рамки на 140. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побара тој да биде повлечен, но владејачкото мнозинство не го изгласа предлогот.

Пратеникот Александар Николовски рече дека постојат огромни сомнежи за криминал во лотарија, европското знаменце е злоупотребено, а спорни се и доделувањето четири лиценци за игри на среќа.

-Да поедноставам на телефон да можат децата да се обложуваат или да се коцкаат, рече Николовски додавајќи дека на законот е потпишан министерот Артан Груби потсетувајќи дека законот не може да важи ретроактивно.

Собранието ги изгласа одлуките за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

Пред усвојувањето на дневниот ред на седницата, пратениците повеќе од еден час ја разгледуваше потребата за носење на преку дваесет закони по скратена постапка.

Меѓу нив се предлозите на закони за борба со допингот во спортот и негово спречување, изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, за реализација на Стратешкиот инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“ и Договор за стратешки инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“, за реализација на стратешкиот инвестиционен проект АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ, за реализација на стратешкиот инвестиционен проект МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје и за реализација на стратешкиот инвестиционен проект соларна електрична централа – Пехчево.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи образложувајќи ги предлозите кажа дека проектот Стипион треба да помогне во обезбедувањето на енергија, и оти за првпат после триесет години од нашата независност ќе се гради голем инфраструктурен проект кој што ќе обезбеди над 60 отсто од вкупното домашно произвидство на хидроелектраните.

Во однос на стратешкиот инвестиционен проект МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, вицепремиерот Битиќи рече дека законот ги уредува општите карактеристики на проектот, правата и обврските на стратешкиот инвеститор, роковите за постапките за кои нема пропишани рокови во важечките прописи со цел да се осигура навремена реализација на проектот, понатаму договорните односи помеѓу стратешкиот инвеститор, владата и купувачот АД ЕСМ како и надзорот над реализација на проектот. Со проектот се очекувад а се постигне намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје во зимскиот период…

ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа на дневен ред да не бидат законите за Соларната централа Пехчево, за Соларниот парк Стипион и за Гасна когенеративна постројка – Митилинеос, за игри на среќа…

Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на когенеративната гасна централа Митилинеос до пратениците било испратено писмо од Здружението на инжинери, дека компанијата ќе добива државна помош од 50 милиони евра, како и дека во сопственоста на постројката нема да влезе државата. Според Ристески, овој договор е штетен за државата.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ бараше измените и дополнувањето на Законот за Академија за судии и обвинители да не се става на дневен ред бидејќи со повторно воведување на можност за писмено полагање се дерогира квалитетот на идните судии и обвинители. Според Милошоски тоа се прави за ставање на списокот на кадри на СДСМ и на ДУИ.

Седницата ќе продолжи во 16:00 часот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Игри на среќаседницаСобрание

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk