ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Скопската Итна помош доби седум амбулантни возила како донација од ЕУ

February 7, 2024 15:39
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЗДРАВСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Седум возила за брза помош доби денеска Службата за итна помош во Скопје, како донација од ЕУ. Станува збор за најнова испорака на помош од ЕУ наменета за помош на здравството во обезбедување подобри услуги за граѓаните.

Евроамбасадорот Дејвид Гир кој денеска присуствуваше на примопредавањето на возилата, посочи дека ова е пример за поддршката која што ја дава ЕУ, а која ќе има влијание на квалитетот на животот на многу пациенти.

Скопје како најголем град има најголема потреба од овие возила. Денешнава донација ќе може да го ублажи недостатокот од ваквите возила. ЕУ активно дава поддршка во сферата на здравството, со цел да се подобрат здравствените услуги во оваа земја. Ние исто така помагаме во системот за трансплантација како и во спроведувањето на Националната стратегија за здравство, а ЕУ исто така ќе помогне и во однос на подобрување на системот за скрининг и рано откривање на рак, како и превентивната програма, рече Гир.

Тој потсети дека од 2021 година, Делегацијата на Европската Унија обезбеди системи за магнетна резонанца и за компјутерска томографија во осум болници низ земјата. Но, како што подвлече, разочаран е од извештајот на државниот ревизор, во кој се наведува дека во просек само 2.800 пациенти ги употребувале овие апарати.

-Ние се надеваме дека испораката на овие системи ќе придонесе за обезбедување на витални услуги за граѓаните на оваа земја. Но, морам да признам дека бев разочаран и загрижен од извештајот на државниот ревизор, во кој се вели дека проширувањето на вакви системи за магнетна резонанца и компјутерска томографија во Северна Македонија не резултираше со зголемување на нивна употреба, рече Гир.

Тој додаде дека во просек, системите за магнетна резонанца или компјутерска томографија во земјите членки на ЕУ искористеноста е меѓу четири до девет илјади за еден апарат.

-Апелирам да се употребува максимално донираната опрема која е во интерес на пациентите, додаде Гир.

Директорот на Здравствениот дом Виктор Исјаковски денеска за време на примопредавањето на опремата, изрази благодарност и посочи дека овие седум возила ќе бидат од помош на над 700 илјади граѓани.

-Благодарност за овие седум возила. Ќе му докажеме на евроамбасадорот Гир и на сите во Скопје колкава ќе биде искористеноста на овие возила. Веќе е почната постапка за нивна регистрација, и во текот на наредните дена возилата ќе бидат пуштени да им служат на граѓаните на Градот Скопје, рече Исјаковски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВозиладонацијаЕУитна помош

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk