Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
Арбен Таравари сака ПРОМЕНИ. Време било за ПРОМЕНИ.
А досега тој беше на власт?!
Или тој промените ги замислува „Досега на власт со едни, а од утре со други!“?
Во 2017 г. беше на власт (Министер за здравство); 10 месеци подоцна се предомисли; Па пред три години се поделија со Алтернатива, па Алијанса отиде во опозиција; Па пред две години правеше и ‘ново парламентарно мнозинство’ со ВМРО и Левица; Па пред една година пак се предомисли и влезе во властa; Сега пак се предомисли и вели дека сака да премине во опозиција со план ‘утре’ пак да биде на власт.
Па тоа дури ни за еден Павле Трајанов е ‘немогуќе достигнуќе’!
Другар му Касами пред две години се полакоми, па се лизна… На Таравари истото ќе му се случи… Пошто тргна по умот на Курти!