ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Раѓањето на Европа и смртта на Македонија!?

February 8, 2024 12:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Трите водечки државници меѓу шесте потписници на Париската повелба, април 1951, со која е втемелена Европскакта заедница за јаглен и челик- Алсид Де Гаспери, Конрад Аденауер и Роберт Шуман- потекнувале од рабните делови на своите земји.

Де Гаспери од Трентино, на североистокот на Италија, Аденауер од Порајна, Шуман од Лорена.

Кога се родил Де Гаспери- и во поголем дел од неговиот зрел живот- Трентино и припаѓал на Австро-Унгарската Монархија, а тој студирал во Виена. Шуман пораснал во Лорена која тогаш му припаѓала на Германското царство. Во младоста, како и Аденауер и пристапил на католичките здруженија- истите на кои “Човекот од Рајна”и пристапил десет години порано.

Кога се состанале сите тројца разговарале на германски, својот заеднички јазик.

И уште еден важен аспект:

За сите тројца и за нивните христијанско-демократски колеги од двојазичниот Луксембург, од двојазичната и бикултурна Белгија, како и Холандија, проектот на европската соработка имал културна и економска смисла и можеле да го согледаат како придонес за надминување на кризата на цивилизацијата која ја беше разурнала космополитската Европа на нивната младост. Јавувајки се од рабовите на своите татковини каде идентитетите одамна биле многустрани, а границите многу неопипливи, Шуман и неговите колеги претерано не се мачеле со прашањето на спојувањето или на националните суверенитети. Сите шест држави членки на ECSC пред тоа доживеале некој да го заменува и гази нивниот суверенитет- и тоа во текот на војната и окупацијата- и затоа можеле да изгубат многу малку од сопствениот суверенитет.

Вака пишува Тони Џад во дебелата книжурина за повоената историја на Европа. Ми се стори паметно да го предочам овој дел како поучен политички, национален, економски и културен, цивилизациски, би рекол, проект и поведение, од кое тука можеме да учиме.

Не од бескрајните банални глупантропски интервјуа на Мицко и на другага кретенизирачка маса на која рамката и била тесна, Бугарите испорачувале диктати, чисти сме биле во историјата и националната генеза како да сме растеле под стаклено ѕвоно, не сакаме договори и протоколи, името ќе го враќаме (кое?) ние си ги имаме комитите и ништо друго не ни треба, немаме ништо заедничко со Бугарија, ниту со фоките и нилските крокодили, блаблабла.


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Предизборна трка со дезинформации

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk