ЈП Водовод и канализација – Скопје, од својата Фејсбук страница ја избриша веста што претходно беше објавена, а во која се наведуваше дека в недела на 11 февруари, од 17:00 часот поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе има речиси 90 отсто од главниот град.
Фронтлајн испрати прашање до Јавното претпријатие, зошто е избришана веста и дали има некакви промени, но одговор сè уште немаме добиено.
Претходно беше објавено дека проблеми со снабдувањето на вода ќе имаат следните населени места:
– Арнакија
– Сарај
– Глумово
– Горна Матка
– Долна Матка
– Ѓорче Петров
– Влае
– Карпош
– Жданец
– Нерези
– Центар
– Клинички Центар
– Кисела Вода
– Усје
– Пинтија
– Драчево
– Батинци
– Студеничани
– Моране
– Дел од Гази Баба
– Чаир
– Скопје Север
– Топаанско Поле
– Автокоманда и
– Аеродром.
Ј. Ѓ.