ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Концертите на Колдплеј регуларно ќе се одржат на Олимпискиот стадион во Атина

February 12, 2024 13:15
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со стих од песна на Колдплеј, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави дека концертите на бендот и другите спортски и културни настани пред или кусо по Велигден ќе почнат регуларно да се одржуваат на Олимпискиот стадион (ОАКА) во Атина, кој од крајот на септември е затворен поради проблемите со статичноста на металните конструкции на покривот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во денешната неделна објава на Фејсбук, Мицотакис меѓу другото се осврна и на затворениот стадион, најавувајќи дека ќе биде отворен на крајот на март или најдоцна до средината на април, со што концертите на Колдплеј на 8 и 9 јуни ќе се одржат регуларно.

Грчкиот премиер објасни дека се отстранети околу шест отсто од вкупно 5.000 парчиња поликарбонат од кровот на стадионот, додаде дека секој ден се отстрануваат околу 80 парчиња, кои ќе се рециклираат.

-Отстранувањето на поликарбонатот со овој ритам ќе овозможи стадионот повторно да проработи од крајот на март или најдоцна од средината на април. Така, ќе може пред или веднаш по Велигден, регуларно да се одржуваат спортските, но и културните настани вклучувајќи го и концертот на Колдплеј, кој морам да признаам дека и јас го чекам! И да ве потсетам на една нивна песна, And everything’s not lost…When you thought that it was over (И не е сè изгубено…Кога помисливте дека е готово), напиша Мицотаис на Фејсбук.

Колдплеј ќе одржи два концерти во Атина, на 8 и 9 јуни, билетите беа експресно распродадени лани летото кога беа соопштени датумите.

Олимпискиот стадион во Атина (ОАКА) беше изграден за Олимпијадата во 2004 година, а на крајот на септември, од безбедносни причини, поради проблемите со статичноста на металните конструкции на покривот, беше затворен на неодредено време за секакви активности.

Освен спортски натпревари, на најголемиот стадион во Грција се одржуваат и концерти и разни манифестации.

Tags: атинаКолдплејконцерти
Next Post

Манолева: Дополнителната заменик министерка за финансии Петрова го блокира вработување на 1.117 лица во јавното здравство

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk