ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таравари: Наскоро почнуваме со собирање потписи за мојата кандидатура за претседател

February 15, 2024 12:51
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Кандидатурата за претседател на државата на лидерот на Алијанса за Албанците (АА)  и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари што ја објави денеска ќе биде поднесена со собирани потписи на граѓани, бидејќи, како што кажа, немаат доволно пратеници за поддршка.

– Мораме со потписи бидејќи немаме доволен број на пратеници. Се надевам наскоро, кога ќе започнат и законските рокови и за ден-два да ги собереме потребните десет илјади потписи, рече Таравари на прес-конференција.

Запрашан за тоа каква кампања ќе води и што очекува од противкандидатите, тој напомена дека европска кампања е единствена алтернатива за земјава.

-Ние влеговме во оваа трка и подготвени сме да се соочуваме со сите противкандидати. Почит кон секој што ќе се кандидира. Верувам дека ќе имаме европска кампања. Да го кажеме тоа за што се обврзуваме сите веќе подолг период. Несомнено дека единствена алтернатива за Северна Македонија е европскиот пат. Правиме политичката трка и кој ќе победи ќе си честитаме еден на друг друг, рече Таравари на новинарско прашање за противкандидатите.

Тој напомена нема да биде носител на листа за кандидати за пратеници иако и тоа му било понудено на последниот состанок од коалицијата на опозицискиот албански блок на партии. Таравари смета дека ќе влезе во вториот круг на претседателските избори.

– Не можам да бидам и кандидат за претседател и носител на листата. Да бидам искрен Биљал Касами од Беса беше коректен во преговорите и понуди да избереме што сакаме, како и сите други партии од нашата коалиција. Заедно анализиравме и донесовме заклучок дека сепак многу ни е поважен 24 април, кога ние сигурно ќе одиме во вториот круг на претседателските избори, рече Арбен Таравари.

Околу наредните чекори за предизборните коалицирања и договори, Таравари посочи дека има партнери со коишто веќе во сабота ќе постигнат конечен договор и како што потенцира, ќе извојуваат долгоочекувана промена во албанскиот политички блок.

Кандидатурата на Таравари е предлог на Претседателството на АА, а има поддршка од опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП). На објавата на кандидатурата Таравери, меѓу другото наведе дека е „ дојде време државава да има претседател Албанец, не технички, туку вистински“. Имаме можност, посочи, диверзитетот во нашата земја да го претвориме во уметност на соживот и хармонија.

Tags: кандидатураПретседателТаравари
Next Post

Зеленски и Макрон утре ќе потпишат билатерален договор за безбедност

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk