ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Кои се најпознатите руски критичари на Путин и каде се тие сега?

February 16, 2024 18:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Фотомонтажа: ФРОНТЛАЈН

Фотомонтажа: ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина денеска во руски затвор на Арктикот, е последниот критичар што се соочи со претседателот Владимир Путин.

Други се убиени, за „влакно“ избегнале смрт или биле протерани. Еве ги најпознатите критичари на Путин и каде се тие сега:

Навални (47), најистакнатиот руски опозициски лидер, беше затворен на почетокот на 2021 година, откако се врати во Русија од Германија, каде што се опоравуваше од речиси фаталниот напад на труење со Новичок, нервен агенс од советската ера. Тој беше осуден на 19 години затвор по обвиненија кои беа широко осудени од независните групи за права.

Кон крајот на 2023 година тој беше преместен во оддалечена арктичка затворска колонија во рускиот регион Јамало-Ненец во северен Сибир, каде што почина денеска, според руски медиуми – откако ја изгуби свеста доддека на прошетка.

Во 2015 година Борис Немцов, критичар на Кремљ и поранешен вицепремиер, беше застрелан додека одеше дома преку московски мост во близина на Кремљ. Петмина Чеченци беа осудени за убиство на Немцов, но организаторот на убиството никогаш не беше пронајден. Сојузниците на Немцов го вперија прстот кон Кремљ и кон чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој го негираше обвинението.

Немцов, харизматичен говорник, ја критикуваше Путиновата анексија на Крим од Украина во 2014 година и редовно учествуваше во протестите на опозицијата. Животот го загуби на 55 годишна возраст.

Речиси една деценија претходно, во 2006 година, убиството на новинарката Ана Политковскаја пред нејзиниот дом во Москва го шокираше светот. Политковскаја, известувач во Новаја Газета, најтиражен руски независен весник, беше жесток критичар на тактиката на Кремљ во Чеченија.

Опозицискиот политичар Владимир Кара-Мурза (42) во април 2023 година беше осуден на 25 години затвор, во најстрогата казна досега поради критички коментари за Кремљ и офанзивата во Украина. Тој беше затворен под обвинение за предавство, ширење „лажни“ информации за руската армија и поврзаност со „непожелна организација“. Тој страдаше од сериозни здравствени проблеми за кои неговите адвокати велат дека се должат на два обиди за труење во 2015 и 2017 година.

Опозицискиот политичар Илја Јашин беше осуден на осум и пол години затвор во декември 2022 година, за ширење „лажни“ информации за руската армија, според законодавството кое ја криминализира критиката за офанзивата во Украина.

Во јули 2023 година, Лилија Чанишева, сојузничката на Навални беше осудена на седум и пол години затвор.

Во декември рускиот суд ја осуди Ксенија Фадејева, која ја водеше сега забранетата организација на Навални во сибирскиот град Томск, на девет години затвор за „екстремизам“.

Некои од високите критичари на Путин се во егзил со години.

Тие го вклучуваат поранешниот нафтен тајкун Михаил Ходорковски, кој помина една деценија во затвор откако го предизвика рускиот лидер на почетокот на неговото владеење. Ходорковски живее во Лондон и финансирал медиумски проекти кои го критикуваат Кремљ.

Многу од истакнатите сојузници на Навални ја напуштија Русија откако неговите организации беа забранети како „екстремистички“.

Русите кои се противат на нападот на Москва врз Украина сега се расфрлани низ светот. Многумина избегаа во Европа и Израел, јавија француски медиуми.

„Странски агент“, кој има призвук од сталинистичката ера, го користеа властите за да направат административен притисок врз критичарите.

Многу новинари и главни независни медиуми во Русија се означени како „странски агенти“, што го отежнува работењето. Меѓу оние што се така оквалификувани се прогонетиот поранешен премиер Михаил Касјанов, главниот уредник на Новаја газета, Дмитри Муратов и Олег Орлов, 70-годишниот копретседател на Меморијалната група за добитници на Нобеловата награда.

Русија отвори нов судски процес против Орлов, кому му се заканува затворска казна до пет години поради осудување на офанзивата во Украина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НавалниПутинрежимРусија

НАЈНОВО

Приведени 13 лица, меѓу кои се началници и полицајци кои биле на смена кога се случи пожарот во „Пулс“

June 12, 2025

Претставата „Рацин“ на велешкиот театар е забележителен, нов сценско – музички перформанс, МТФ „Војдан Чернодрински“ вечер ја завршува програмата

June 12, 2025

Мицкоски за коментарите за селективна правда за Кочани: Директно сум нападнат од овие некрофили, а јас молчам

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk