ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Џафери-Рама во Минхен: Нашите држави се пример за добрососедство и се потребни на Европа

February 16, 2024 19:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот премиер Талат Џафери, попладнево во Минхен се сретнал со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, соопштија од Владата на Република Северна Македонија.

На средбата, како што стои во соопштението, биле истакнати одличните билатерални односи и големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Албанија, што е пример за добрососедство во регионот, а со тоа и придонес во стабилноста на Западен Балкан и во Европа.

Во однос на билатералните релации, било констатирано дека соработката е сеопфатна, има раст во трендот на трговска размена, политичкиот дијалог е редовен и на сите нивоа, а заедничка цел е европската интеграција на двете држави и на регионот.

– На состанокот се нагласи дека двете држави, со европските политики се потребни на Европа и заслужија да станат полноправни членки на Унијата до 2030 година и дека преговарачкиот процес ќе овозможи ефективни реформски процеси и унапредување на животниот стандард според европскиот, што е очекување на граѓаните. Во таа насока се оцени дека најсериозната политичка потврда од ЕУ за ефикасна европска интеграција на Западен Балкан, е Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија. И, се истакна определбата за унапредување на капацитетите на економиите, со цел забрзан регионален економски раст и развој, согласно европските стандарди, се додава во соопштението од владиниот прес – центар.

Џафери го потврдил присуството на Конференцијата на високо ниво посветена на Планот за раст на ЕУ, кон крајот на месецов во Тирана, констатирајки дека е уште една можност да се реафирмира посветеноста на регионот кон натамошното јакнење на регионалното поврзување и кон заедничкиот регионален пазар, како предуслов за подготовка за влез во европскиот заеднички пазар. Го потврдил и присуството и на Самитот Југоисточна Европа – Украина, во Тирана, како можност за реафирмација на обединувањето со меѓународната демократска јавност, во одбраната на мирот.

На состанокот, се подвлекува во соопштението, се разговарало и за очекувањата од претстојните претседателски и парламентарни избори во државава, пришто е потенцирана улогата на проeвропските политички субјекти кои ја поставија државата на демократскиот евроатлантски пат и пред коишто е реализацијата на европските перспективи, од значење за сите во Република Северна Македонија, како и за регионот. 

Tags: РамаЏафери
Next Post

Бајден: Путин е одговорен за смртта на Навални

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk