Околу 100 лица се уапсени за време на неколку собири во Русија во знак на сеќавање на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој вчера почина в затвор, објави невладината организација ОВД-Инфо.
Според податоците објавени утрово на порталот на организацијата која ја следи политичката репресија во Русија, „во десет градови се уапсени повеќе од 101 лице“, главно во големите урбани центри.
Најголемиот број, околу 60 од нив, се приведени во Санкт Петербург, околу 15 во Нижни Новгород и десетина во Москва.
Continued arrests in 🇷🇺 at the same time as media are avoiding virtually any mention of @navalny. Will the authorities even tolerate a decent funeral? #MSC2024 pic.twitter.com/QHjjFRrgi0
— Carl Bildt (@carlbildt) February 17, 2024
Опозицискиот лидер Алексеј Навални, главниот противник на Владимир Путин, почина вчера во рускиот арктички затвор каде издржуваше 19-годишна затворска казна.
Уште вчера попладнето властите на Москва, главниот град на Русија, ги предупредија граѓаните дека не се одобрени никакви манифестации, по најавата за смртта на опозиционерот.
Russia: Putin regime enforcers are arresting people who showed up at a monument commemorating victims of repressions in Novosibirsk for the 2nd day after Alexei Navalny was murdered in prison. pic.twitter.com/hxN8jxc6yT
— Igor Sushko (@igorsushko) February 17, 2024
Меѓутоа, во текот на ноќта луѓето чекаа во редици за да положат цвеќе во неколку руски градови на спомениците во знак на сеќавање на политичките неистомисленици, и уште тогаш беше објавено дека има апсења, пренесува Франс 24.
Цвеќето што беше положено за Навални, во текот на ноќта група непознати лица го отстранила додека полицијата мирно набљудувала, според видео снимките објавени на руските социјални мрежи.
Russia: In the dark of night Putin’s regime enforcers in plainclothes under protection of the police desecrated a memorial dedicated to the murdered Alexei Navalny in Moscow. pic.twitter.com/ORJCvGYTvb
— Igor Sushko (@igorsushko) February 17, 2024
Полицијата денеска го блокираше пристапот до споменикот во Новосибирск, а приведе неколку лица, пренесе ОВД-Инфо.
Видеата и фотографиите споделени на социјалните мрежи покажаа како се собира положеното цвеќе пред споменикот на жртвите на репресијата за време на советската ера, а тоа се случуваше низ цела Русија.
Во Москва, една група го отстрани цвеќето пред споменик во близина на седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) додека полицијата гледаше, покажува видео. Но, утрово цвеќињата повторно се појавија.
Во Русија секоја јавна критика на владата се казнува со затвор.
Алексеј Навални (47) отслужуваше 19-годишна затворска казна за „екстремизам“ во казнена колонија на Арктикот, која се смета за најстрог затвор во Русија, каде што се праќаат само оние кои се осудени за најтешки кривични дела.
Г. Т.