Украина денеска го одбележува Денот на Хероите на Небесните Стотина. Украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир, потсетува на деновите на Мајдан, кога, како што нагласува, „Јанукович не успеа да го скрши духот на украинските патриоти“.
„725.Денес започнува 10-тата годишнина од Револуцијата на Достоинството во Украина. Од 18-21 февруари беа најнасилните денови на Мајданот. Јанукович не успеа да го скрши духот на украинските патриоти додека уби повеќе од 100 од нив. Ова беше Кијив пред 10 години!“, напиша во објава на „Х“, амбасадорката Дир.
725.Денес започнува 10-тата годишнина од Револуцијата на Достоинството во Украина.
Од 18-21 февруари беа најнасилните денови на Мајданот. Јанукович не успеа да го скрши духот на украинските патриоти додека уби повеќе од 100 од нив.
Ова беше Кијив пред 10 години!#StandWithUkraine pic.twitter.com/Xs0xcOnifD— Larysa Dir (@dir_larysa) February 18, 2024
Украинците, на овој ден им оддавaат почит на тие кои го променија текот на историјата во земјата. Повеќето од нив ги дадоа своите животи за време на Револуцијата на Достоинството (ноември 2013 година – февруари 2014 година), други го загубија животот подоцна – во март и април 2014 година, бранејќи ги идеалите на демократијата, човековите права и слободи, европската иднина на Украина.
J. Ѓ.
Поврзано:
Украина го одбележува „Денот на Хероите на Небесните Стотина“, честитки од европски лидери