ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Во Тирана протест на опозицијата; албанскиот Уставен суд ја обзнани одлуката за договорот со Италија; 35 години од штрајкот на рударите од „Трепча“

February 20, 2024 10:45
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска ќе се одржи протест на опозицијата, пред кабинетот на премиерот. Протестот ќе се одржи без физичко присуство на поранешниот премиер Сали Бериша, кој е во „куќен притвор“ под обвинение за „корупција“, известуваат албанските медиуми.

Со обемен документ од 43 страници, Уставниот суд на Албанија  го аргументираше зеленото светло што го даде на договорот со Италија за имигрантите.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Еуроњуз: Во Тирана протест на опозицијата, над 1000 полицајци на терен

Протестот на опозицијата денеска ќе се одржи на булеварот „Дешморет е Комбит“ пред кабинетот на премиерот.

Протестот го свика поранешниот премиер Сали Бериша и е поддржан од членовите на „Ритемелим“ и групата Газмент Барди, но не и од официјалната ПД предводена од Лулзим Баша.

Собирот се очекува да започне во 17:30 часот и ова е прв национален протест по неколку месеци.

Протестот ќе се одржи без физичко присуство на поранешниот премиер Сали Бериша, кој е во „куќен притвор“ под обвинение за „корупција“ во случајот со приватизацијата на поранешниот комплекс Партизани, пренесе Еуроњуз.

Топ Чанел: 33 години од падот на бистата на диктаторот Енвер Хоџа

Пред 33 години, на 20 февруари 1991 година, десетици илјади граѓани се кренаа  да го урнат симболот на комунизмот, неколку месеци откако стариот режим, кој ги живееше последните денови, дозволи политички плурализам.

Падот на бистата на комунистичкиот диктатор, Енвер Хоџа, беше поттикнат од штрајкот со глад што го презедоа неколку стотици студенти, за да го тргнат неговото име од универзитетот.

20 февруари е прогласен како ден на национално сеќавање на мачениците и жртвите од комунистичкиот режим. Всушност, тоа го означи и крајот на диктатурата во Албанија, пренесе Топ Чанел.

Клан: Уставниот суд ја појаснува одлуката за договорот со Италија

Со обемен документ од 43 страници, Уставниот суд го аргументираше зеленото светло што го даде на договорот со Италија за имигрантите.

Спротивно на она што опозицијата го тврдеше во својата претставка, Уставниот суд  вели дека територијата на Република Албанија не е нарушена, се додека не се менуваат нејзините граници, пренесе Клан.

КОСОВО

Сури – Курти: Нема датум за средба во Брисел, разговаравме за темите кои се дел од дијалогот

„Разговаравме за темите на дијалогот и важноста на потпишувањето на договорот, но не ми е кажано дека ќе има покана за средба на високо ниво во Брисел“, изјави косовскиот премиер Албин Курти.

Тој додаде дека нормализацијата мора да се направи, но тоа не може да се постигне еднострано, и го повтори ставот дека Косово има добри односи со Соединетите Американски Држави, пренесе Сури.

Зери: 35 години од штрајкот на рударите од „Трепча“

Преку штрајк, кој траеше осум дена, рударите ги бараа своите уставни права и протестираа против одземањето на автономијата на Косово загарантирана со Уставот на Социјалистичка Југославија од 1974 година.

Во тоа време штрајкуваа 1.300 рудари, чија цел беше заштита на автономијата на Косово.

Бидејќи рударството претставуваше важна димензија за економијата на земјата, кога рударите решија да штрајкуваат со глад, економскиот живот беше речиси целосно затворен, пренесува Зери.

КОЛУМНА

Коха: Криминалот, политиката и фудбалот во Србија

Пред две години, кога речиси на целиот свет му беше јасно дека Русија ќе ја нападне Украина, еден српски таблоид на својата насловна страница со големи букви објави: „Украина ја нападна Русија!

Во пресрет на втората годишнина од нападот на Русија против Украина, руските медиуми со триумфални тонови објавија дека навивачите на „Црвена ѕвезда“, фудбалскиот шампион во Србија, за време на натпревар вееле руски знамиња и скандирале: „Русите и Србите се вечни браќа“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Криминалот, политиката и фудбалот во Србија“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“

July 5, 2025

Шест патници повредени по пожар во авион на „Рајанер“ во Палма де Мајорка

July 5, 2025

Мицкоски вели растел извозот, ќе имало повеќе пари за граѓаните

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk