ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: МВР треба да дава соодветни и точни информации, а не да прави хаос во перцепцијата на граѓаните

February 22, 2024 13:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи треба да дава соодветни и точни информации до граѓаните, а не да прави хаос во перцепцијата на граѓаните. Ова денеска го изјави техничкиот премиер Талат Џафери, откако деновиве техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со проблемот за издавање пасоши обвини за „саботажа“ во МВР, но дополнителниот заменик во МВР Митко Бојмацалиев излезе со демант.

Џафери рече дека како поднебје сме подложни секогаш кога има проблеми да се зборува за пречките, а не за решението, затоа на последната седница на Влада издал задача на Министерството за внатрешни работи на дневна основа да доставуваат информации за примени барања за издавање на документи, како и за издадени документи.

Посочи дека Министерството е надлежно како институција, без оглед дали го раководи лице од опозицијата или мнозинството, да дава точни и соодветни информации, а не да прави хаос во перцепцијата на граѓаните.

– Тие на дневна основа треба да ја информираат јавноста колку обрасци примиле, колку издаваат. Не би било соодветно јас да давам информации по тоа прашање. Мојот апел е да не се служат со неточни информации, најмногу штета им прави на тие што се служат со неточни информации. Ако идејата за дневна политика е кој колку поени ќе добие, а кој колку ќе изгуби, погрешен им е пристапот, оти надлежност е нивна и обврска да обезбедат услуга за граѓанинот, а не да се караат меѓу себе кој каков податок ќе дава. Така што, во тој контекст апелот е да се даваат точни информации и од таа причина официјално барав на дневна основа да се има извештај по однос на состојбите, рече Џафери.

Додаде дека во текот на денот очекува да го добие првиот извештај, со оглед на тоа дека пред два дена побарал од МВР да доставува информации на дневна основа.

Прашан дали тие што имаат дипломатски пасош со старото име се привилегирани во моментов, бидејќи пратеници објавија видео на социјалните мрежи како на македонско-бугарската граница приложуваат дипломатски пасош со старото име и без проблем ја напуштаат земјава, Џафери рече тој што патува со дипломатски пасош со старото име треба да биде разрешен веднаш, но разрешување односно одземање на мандат на пратеник може само во случаи и на начин утврдени со Уставот, законите и деловникот на Собранието.

– Тоа е во делот на лажните вести. Дипломатски пасош со старото име не може да дава никој. Баш би сакал да видам кој е тој дипломат што патува со дипломатски пасош со старото име и да биде разрешен веднаш, рече Џафери.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на својот твитер профил објави видео во кое заедно со неговиот колега Миле Лефков на македонско-бугарската граница најпрво приложуваат пасош со старото име на земјава, а откако не им е дозволен излез од земјава, тие покажуваат дипломатски пасоши, кои исто така се со старото име Република Македонија и без проблем ја напуштаат земјава.

Лефков и Петрушевски повикаа на промена на законот за да се продолжи важноста на патните исправи и порачаа доколку СДСМ и ДУИ не сакаат да гласаат за законот со кој ќе се продолжи важноста на патните исправи за сите граѓани во земјава, тогаш етички и морално од нивна страна е да се откажат од дипломатските пасоши, за и тие како што велат, да се сочувствуваат со граѓаните затворени како во конзерва.

Џафери денеска беше во посета и надгледување на изградбата на градинката „Фидани 3’ во Општина Чаир, која како што најави до крајот на април треба да се стави во функција и во неа да бидат згрижени 300 деца.

– Објектот е современ, меѓу најголемите во квадратура која што се предвидува преку 300 деца ќе имаат можност да се сместат и тоа е она што треба да го направиме и го правиме во континуитет по однос на потребите и во Општина Чаир и пошироко од општината, за да можат да ги задоволат потребите и родителите и децата и персоналот којшто ќе биде ангажиран во работата и функционирањето на овој објект, рече Џафери.

Tags: МВРТалат Џафери
Next Post

Просечната плата во декември 39.998 денари, поголема за 16.4 отсто

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk