ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи-Смит: Обединетото Кралство и Северна Македонија имаат одлични економски односи и голем потенцијал за развој

February 22, 2024 11:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Џулија Смит. На средбата од страна на соговорниците беа нагласени одличните економски врски што постојат помеѓу двете држави, што се препознава и преку неодамна пројавениот интерес на две компании од Обединетото Кралство да реализираат стратешки проекти во Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Вицепремиерот Битиќи ја информирал заменик-амбасадорката Смит за законските постапки околу реализацијата на стратешки инвестиции, притоа посочувајќи дека едната од овие две инвестиции е влезена во собраниска процедура, а другата е во процес на одлучување. На средбата била спомената и најголемата компанија во земјава по приходи „Џонсон Мети“, чие позитивно искуство, како што било нагласено, може да послужи и како пример за други компании од Обединетото Кралство да ја препознаат Северна Македонија како место за проширување на своите деловни активности.

-Беше подвлечена и важноста од продолжување на унапредување на одличните политички односи помеѓу двете земји, притоа посочувајќи на взаемни придобивки кои произлегуваат од нив. Двете страни ја истакнаа и потребата од континуирана соработка и дијалог за да се одговори на заедничките гео-политички предизвици и да се искористат можностите што се појавуваат. Во овој контекст, стана збор и за претстојниот самит на ЕБРД, кој на почетокот на наредната недела ќе се одржи во Лондон, а каде ќе учествува и вицепремиерот Битиќи, се вели во денешното соопштение од Владата.

Дополнително, станало збор за значењето на регионалната економска соработка во рамките на Западен Балкан, при што од соговорниците било оценето дека тоа претставува израз на посветеност за поттикнување поблиски врски помеѓу државите од регионот, промовирање на стабилност и просперитет на патот кон членство во Европската Унија. Вицепремиерот Битиќи и заменик-амбасадорката Смит изразиле оптимизам за идната траекторија на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за понатамошно продлабочување на соработката во различни сфери.

Tags: Фатмир БитиќиЏулија Смит
Next Post

Кличко бара Германија да ѝ испрати на Украина ракети со долг дострел

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

January 27, 2026

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk