ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Манолева: Родителите на Леонид не побараа мислење дали неговата рехабилитација може да се изврши во нашите установи

February 22, 2024 13:26
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Прво да се изоди тој пат и дури потоа да кажеме, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и дури потоа стручниот колегиум на соодветните клиники да даде свое мислење и да каже дали има или нема можност за продолжување на лекувањето или на рехабилитација во нашите институции.

Ова го одговори заменик-министерката за здравство Маја Манолева, на новинарско прашање дали детално е запознаена со случајот со пациентот Леонид Индов, кој на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да дише.

Прашана дали ќе има законски измени за тоа како ќе се постапува во иднина со вакви случаи, таа кажа дека како Министерство треба да постапат на иницијатива на пратеници и на граѓани, но посочи дека во земјава има здравствен систем којшто во последниве години во однос на апаратурата е напреднат.

– Треба да се испочитува здравствениот систем што го имаме, сите можности тука да се исцрпат па дури потоа нашите пациенти да бидат упатувани на лекување во странство. Секако, треба да се разгледа и оваа опција и да се предложи до Собранието некаква измена, односно откако ќе бидат исцрпени можностите во државава за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување во странство и за рехабилитација и надвор од земјава, рече Манолева.

На новинарско прашање дали имала комуникација со Владата и со директорите за испраќањето на Леонид со хеликоптер во Виена, рече дека неговото заминување било на индивидуално барање на родителот упатено до ЦУК, којшто информацијата ја има споделено до МВР, а МВР, заради потпишаниот меморандум за соработка со Министерството за здравство овозможило хеликоптерски транспорт на тежок пациент од Скопје до Виена.

Во однос на тоа зошто тогаш не посочила за можноста за рехабилитација во земјава, рече дека уште пред неколку месеци имала средба со родителите на пациентот, на којашто им образложила, како специјалист од областа, каков треба да биде патот на детето.

-Не е точно дека не сме се заинтересирале, дека не сме овозможиле ништо досега. Одлуката беше нивна. Не можете да влијаете на ничија одлука да го бара она што смета дека е најдобро за некого. Апсолутно ги поддржувам и се уште стојам на располагање на родителите за секаква помош што би можела да ја укажам и лично како лекар и како заменик-министер, но и како специјалист по физикална медицина и рехабилитација, рече Манолева.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера на прес-конференција во врска со лекувањето на Леонид Индов во Виена посочи оти нема дилеми дека требало да се изврши медицинскиот транспорт.

Појасни дека на 4 јануари до ЦУК стигнал мејл од таткото на Леонид, Бранко Индов, во кој побарал медицински транспорт со хеликоптер од Скопје до Виена во Австрија, за неговиот син кој е болен од параплегија и кажа дека воедно таткото укажал дека е подготвен транспортот да го плати приватно, нешто што стои во прилог на самото негово барање.

Леонид на 6 февруари замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да диши. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена. Меѓутоа, од ФЗО го одбија барањето образложувајќи дека не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Леонид ИндовМаја Манолева

НАЈНОВО

За туристите во Албанија ставени во функција 36 летни здравствени амбуланти

June 3, 2025

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

June 3, 2025
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО. Генерирана со ВИ

    Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УКИМ отпадна од листата 2.000 најдобри универзитети во светот според CWUR

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk