На социјалните мрежи и во дел од проруските медиуми кружи фотомонтажа на неодамна починатиот руски активист и политичар Алексеј Навални, (кој беше жесток критичар и силен противник на Владимир Путин), дека со рака покажува нацистички поздрав и со тетоважа на градите на Адолф Хитлер.
Инаку, Навални долго време беше трн во окото на претседателот Владимир Путин, откривајќи ја корупцијата на високи места, водејќи кампања против владејачката партија Единствена Русија и организирајќи некои од најголемите антивладини протести видени во последниве години.