ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МОН: Повисоки плати за вработените на УКИМ за 22 отсто, почнува примената на новиот колективен договор

February 27, 2024 16:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати во просек за околу 22 отсто, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за јануари, соопшти Министерството за образование и наука.

Во допис до медиумите МОН наведува дека со ова почнува исполнувањето на обврската на државата која произлегува од колективниот поединечен договор на оваа високообразовна установа, потпишан на 29 декември 2022, а со примена од 1 јануари 2024.

-Вкупно 3000 професори, асистенти, административни и технички лица ќе почнат да добиваат зголемен износ на личниот приход по основ на плата за околу 22 отсто, а дополнително зголемување за одреден процент ќе има и од март, кога е предвидено зголемување на минималната плата во државата. Станува збор за обврска согласно колективниот поединечен договор потпишан помеѓу Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија како основач на високообразовната установа, а чија цел е унапредување на правата, можностите и материјалната состојба на вработените на универзитетот, информира Министерството.

Според МОН, примената на договорот се очекува значително да ја подигне мотивацијата за работа и квалитетот на наставно-научниот процес, како што посочува, „во интерес на студентите и создавање што поквалитетни генерации кои успешно ќе се интегрираат и ќе раководат со општествените процеси“.

-Министерството за образование и наука во координација со другите надлежни институции ќе се залага за унапредувањето на правата на вработените во високото образование и науката да продолжи и во иднина, а приоритет ќе биде поттикнување на склучување нови колективни договори и со останатите универзитети, соопшти Министерство за образование и наука.

Tags: МОНплатиУКИМ
Next Post

Министерката Петровска во тетовската касарна положи венец по повод 80-годишнината од смртта на народниот херој Кузман Јосифовски - Питу

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Еванџелин Лили со ново обраќање за закрепнувањето по трауматска повреда на мозокот

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

January 27, 2026

(ВИДЕО) Џим Кертис откри како започнала врската со Џенифер Анистон

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk