ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Припадниците на Армијата даваат видлив придонес во активностите на НАТО во Романија и Бугарија

February 27, 2024 15:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес во Карахал, Романија заедно со началникот на Генералштабот на Вооружените сили (ВС) на Романија, генералот
Георгица Влад и командантот на Мултинационалната бригада на НАТО за Југоисток, бригаден генерал Константин Николаеску, учествуваше на пригодна воена церемонија на која се доделија признанија на македонските припадници за нивното залагање и професионалност во рамки на т.н. „Активности на зголемена будност“.

Генералот Николаеску додели орден на неколкумина припадници на Армијата, кои како дел од оваа бригада учествуваат во активностите на НАТО во Романија, а генералот Ѓурчиновски додели мала плакета на Армијата на четворица припадници на Армијата и двајца припадници на ВС на Романија.

Од страна на началниците на Генералштабовите, во обраќањето пред стројот на припадниците на македонскиот контингент, беше истакнат нивниот професионален однос и максимален придонес во сите активности кои се изведуваат во склоп на Мултинационалната бригада-Југоисток, како и целосната интероперабилност со останатите контингенти од НАТО армиите во состав на оваа бригада.

По завршување на церемонијата, генералите присуствуваа на брифинг од страна на командантот на Мултинационалната бригада- Југоисток, бригаден генерал Константин Николаеску каде беа информирани за составот, активностите и задачите кои ги извршуваат нашите припадници во рамки на оваа структура.

Генералот Ѓурчиновски со својот романски колега разговараше за понатамошно унапредување на билатералните армиски односи, како и за активностите кои произлегуваат од т.н. „Активности на зголемена будност“.

Претходниот ден генералот Ѓурчиновски ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, кои извршуваат задачи во мултинационалните сили на НАТО во Република Бугарија, како дел од Мултинационалната борбена група на НАТО во Ново Село, при што им оддаде признание за нивното залагање и придонес во активностите.

Притоа тој оствари работна средба со командантот на Мултинационалната борбена група, полковник Скандура Мариано Роко на која се дискутираше за нашиот придонес и понатамошните планирани активности.

Нашиот придонес во „Активности на зголемена будност“ започна од крајот на 2022 година со испраќање на два состава во јачина на вод во Романија и во Бугарија, каде заедно со припадниците на Вооружените сојузнички сили се составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана. Припадниците на Армијата во овој период неколкупати ја докажаа својата обученост и професионалност, со тоа што поединци беа прогласувани за најдобри војници за одредени месеци.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаНАТОПрипадниците на АрмијатаРоманија
Next Post

Митрески на 80-годишнината од Февруарскиот поход: Делата на борците за слобода ги поставија темелите на нашата државност

НАЈНОВО

Скриншот

Договорено примирје меѓу Авганистан и Пакистан по разговорите во Катар и Турција

October 19, 2025

Народен правобранител: Бесплатна линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 19, 2025

„Хуморот е кисел, балканската реалност непроменета“ – „Hароден пратеник“ на МНТ со овации во Брчко

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk