ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери на Самитот за развој на Западен Балкан во Тирана

February 28, 2024 11:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери од денеска е во работна посета на Тирана, Република Албанија.

Џафери, како што соопшти владината прес – служба, ќе има обраќање на Регионалниот самит за развој на Западен Балкан, во чијшто фокус е Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија, а предвидено е да оствари и средба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски на која ќе биде потпишана Заедничка Декларација на Република Северна Македонија и Украина за евроатлантските интеграции на Украина.

На Самитот, како што е наведено во соопштението, ќе се разговара за унапредувањето на регионалната соработка и реализацијата на Заеднички регионален пазар како процес на постепено вклучување во Единствениот европски пазар.

Според агендата, Џафери е предвидено да се обрати на панелот „Вовед во единствениот пазар“.

На Регионалниот самит за развој на Западен Балкан во Тирана, којшто е продолжување на состанокот од минатиот месец во Скопје,  се лидерите на државите од Западен Балкан, како и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Во состав на владината делегацијата се и првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик министерот за финансии Филип Николоски.

Tags: Самитот за развој на Западен БалканТиранаЏафери
Next Post
Фото: Игли Хасани/Икс

Албанија ја увери Украина дека ќе ја поддржи „Формулата за мир“ на Зеленски

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk