Украинскиот претседател Володимир Зеленски, од почетокот на руската агресија против Украина, имаше динамична агенда во билатералните односи и беше пречекан од голем број државници низ светот.
Првото меѓународно патување на Зеленски, по почетокот на војната во Украина, е на 21 декември 2022, во Вашингтон, САД, на десетчасовна посета при што се сретна со американскиот претседател Џо Бајден, и се обрати на заедничката седница на Конгресот на Соединетите држави.
Во прилог е листата на меѓународните патувања (39) на украинскиот претседател, од почетокот на руската агресија против Украина, до денеска, кога за прв пат пристигна во регионот, во соседна Албанија каде што се одржува самитот посветен на Украина.
2023 година
- 22 декември 2022 – Полска
- 8 февруари 2023- Обединето Кралство
- 8-9 февруари 2023 – Франција
- 9 февруари 2023 – Белгија и Полска
- 5 април 2023- Полска
- 3 мај 2023 – Финска
- 3-4 мај 2023 – Холандија
- 13 мај – Италија, Ватикан
- 14 мај – Република Германија , Франција
- 15 мај – Обединето Кралство
- 19 мај – Саудиска Арабија
- 20 мај – Јапонија
- 1 јуни – Молдавија
- 6 јули – Бугарија
- 6-7 јули – Република Чешка
- 7 јули – Словачка
- 7-8 јули – Турција
- 11- 12 јули – Литванија
- 19- 20 август – Шведска
- 20 август – Холандија
- 21 август – Данска
- 21 август – Грција
- 18 – 22 септември – САД
- 22 септември – Канада
- 6 октомври – Шпанија
- 10 октомври – Романија
- 11 октомври – Белгија
- 9 декември – Зелен ‘Рт
- 10 декември – Аргентина
- 11-12 декември – САД
- 14 декември – Германија
2024 година
- 10 јануари – Литванија
- 11 јануари – Естонија, Латвија
- 16 јануари – Швајцарија
- 16 февруари – Германија, Франција
- 26 февруари – Саудиска Арабија
- 28 февруари – Албанија
Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа