ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Започнува јавниот увид во Избирачкиот список

February 28, 2024 09:57
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за избор на претседател на 24 април и за избор на пратеници во Собранието на 8 мај започнува денеска и ќе трае до 18 март 2024 година до полноќ.

Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа да го направат по електронски пат на официјалната веб страна на Државната изборна комисија (ДИК), http://www.sec.mk или на следната адреса: https://izbirackispisok.gov.mk  или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата.

Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список се поднесува писмено во подрачното одделение или канцеларијата на ДИК на подрачјето на живеење, или по електронска пошта на ДИК на следната адреса: upisis@sec.mk.

Подрачните одделенија и канцелариите на ДИК за време на траењето на јавниот увид, ќе работат секој ден во периодот 08:00 до 20:00 часот, вклучително во деновите сабота и недела, како и за време на празници, а на 18 март 2024 година до 24:00 часот.

Истовремено продолжуваат роковите за собирање потписи за кандидатите за претседател и за пратеници, како и за поднесување барања за гласање на нашинците од дијаспората.

– Во инетерес на транспрентноста на изборниот процес, апелираме граѓаните да го искористат правото и да ги проверат своите податоци. Согласно Роковникот и Изборниот законик, податоците за Избирачкиот список се ставени на увид со состојба од денот на распишување на изборите, 14 февруари, а по јавниот увид, ако има основани барања за одредени промени, ДИК соодветно ќе постапи, истакна на вчерашната седница членот на ДИК, Борис Кондарко.

Тој потсети дека адресите на подрачните одделенија и канцеларии се наведени на веб страницата на ДИК, како и дека скоро сите се сместени во седиштата на локалните самоуправи на општините.

-Тоа се истите подрачни одделенија и канцеларии каде во моментов тече постапката за собирање потписи.

Покрај непосреден, јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, граѓаните може да направат увид и на нашата веб страница https://izbirackispisok.gov.mk/,  додека непосредно во подрачните одделенија може да поднесат писмени барања за запишување, дополнување или бришење на нивните податоци во Избирачкиот список – ако некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или ако е запишан, а нема избирачко право или нема живеалиште на подрачјето на општината, ако некое лице е починато во меѓу време, ако е сменета адресата или личното име, односно ако се неправилно запишани, објасни Кондарко.

За текот на увидот и бројот на граѓани кои ќе извршат увид, ДИК ќе информира на дневна основа и постојано ќе апелира граѓаните да го искористат ова свое право во интерес на изборниот процес.

Tags: Избирачки списокизборијавен увид
Next Post
февруари

Кој одлучи 29 февруари да е престапен ден?

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk