ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период

February 29, 2024 11:07
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски капацитет и да се воздржат од навреди и ширење на говор на омраза.

И изминатите предизборни циклуси беа одбележани со исклучително силен говор на омраза, кој притоа особено беше фокусиран кон жените што беа вклучени во предизборниот процес. И овојпат кампањата сѐ уште официјлно не е почната, а веќе сме сведоци на сексистички и шовинистички напади врз жените. Повторно, социјалните мрежи се најголем расадник на непристојност, нецивилизираност, навреди, мизогинија па и отворен сексистички говор на омраза.

Го осудуваме говорот на омраза кој се засилува како што се ближат изборите и апелираме за одговорно и цивилизирано однесување.

Родово базираниот говор на омраза охрабрува насилство кон одредена личност или група врз основа на припадноста на одреден род. Интегритетот на жените во јавната сфера е на удар особено кога ќе се „дрзне“ активно да учествува во донесувањето на одлуки. Непостоење на систем на казнивост, како и релативизацијата на говорот на омраза претставува услов за ширење на нетолеранција и атмосфера на линч. „Критиката“ или осудата кон жените активни во јавниот живот, секогаш е на лична основа, во форма на говор на омраза што најчесто се заснова на коментари со сексуална конотација и родови стереотипи и предрасуди. Особено се на удар жените кои не се плашат да учествуваат во јавниот живот и да го искористат своето демократско право да учествуваат на избори како кандидати без разлика на нивната возраст, етничка или религиска припадност.

Ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омраза. Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сексистичка призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постоење.

Солидарно застануваме зад  жените што учествуваат во јавниот живот затоа што само декларативните заложби кои не соодветствуваат со реалноста нема вистински да ја унапредат родовата еднаквост. Само со практични чекори може да се постигнат суштински промени и подобрување на родовата еднаквост во економската, социјалната, политичката и во сите други сфери на општеството.

Идејата дека местото на жените е во домот е застарена, навредлива и дискриминаторска идеја која значи исклучување на жените и уназадување на целото општество. Наместо да се употребува сексистичкиот говор и да морализира за тоа како жените треба да изгледаат и да се однесуваат, треба да се направи повеќе место за жените во сите општествени сфери. Местото на жената е секаде каде што се донесуваат одлуки, затоа што жените сочинуваат половина од општеството и не смеат да останат исклучени од политиките и одлуките што и нив директно ги засегаат.

Платформата за родова еднаквост будно ќе ги следи нападите кон жените во јавниот живот. Дополнително, сите граѓани можат да пријават случаи на  говор на омраза на специјално-наменетата платформа за таа цел: www.govornaomraza.mk. Пријавите што содржат говор на омраза соодветно ќе бидат процесирани до надлежните институции.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: говорот на омразапредизборниот периодродова еднаквост

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk