ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Во Тирана Самит на балканските лидери; Вучиќ побарал изјавата на Самитот за Украина да биде без „санкции против Русија“

February 29, 2024 11:15
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска се среќаваат лидерите на земјите од Западен Балкан и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кои ќе учествуваат на регионалниот Самит за планот за економски раст на Европската унија за регионот, пишуваат албанските медиуми.

Медиумите во Албанија и Косово ја пренесуваат веста од руски и српски медиуми за барањето на Српскиот претседател Вучиќ, да се изземе ставот за санкции против Русија во заедничката, завршна декларација на учесниците на Самитот за Украина, што вчера се одржа во Тирана.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Во Тирана се собираат балканските лидери, што предвидува планот за економски раст на Западен Балкан?

Во Тирана денеска се среќаваат лидерите на земјите од Западен Балкан и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кои ќе учествуваат на регионалниот самит за планот за економски раст на Европската унија за регионот.

Планот на ЕУ за Западен Балкан има за цел економски раст на регионот, забрзување на соодветните реформи и вложување инвестиции кои можат да го унапредат процесот на проширување на ЕУ со овие земји. Сличен самит за овој план се одржа на 22 јануари во Скопје, Северна Македонија, пренесе Балкан Веб.

Албеу – Вучиќ: Побаравме во изјавата на Самитот за Украина да не се споменуваат санкциите против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествуваше на Самитот Украина-Југоисточна Европа во Тирана, побара од учесниците да ги исклучат оние клаузули од завршната декларација кои предвидуваат натамошна неопходност од контранапад на Русија, пишува ТАСС, пренесе Албеу.

Понатаму, ТАСС, повикувајќи се на српскиот весник „Вечерње новости“, додава дека српскиот претседател инсистирал против ставот во изјавата што содржи анти-руски санкции, како и ставот каде што се изразува негативно руско влијание.

КОСОВО

Клан – Фридом Хаус: Албанија и Косово, „делумно слободни“ земји и покрај напредокот

Организацијата „Фридом хаус“ со седиште во Вашингтон го објави својот годишен извештај, во кој оценува дека Косово и Албанија остануваат „делумно слободни“ земји и покрај напредокот во повеќе области за унапредување на човековите права и слободите на граѓаните.

Во извештајот за „Слободата во светот“, годинава Косово е оценето со 60 поени од 100 максимални поени, без промени од лани. Организацијата „Фридом хаус“ во минатото го опишуваше Косово како земја во транзиција со хибриден систем на управување, пренесе Клан.

Зери: Осум месеци под казнените мерки на ЕУ, нема движење за нивно отстранување

И покрај подготвеноста на Косово за продолжување на ситуацијата на северот од земјата, вклучително и чекорите за нови избори таму, се уште нема движење од страна на ЕУ во насока на укинување на казнените мерки.

ЕУ воведе казнени мерки против Косово по зголемувањето на тензиите на северот на крајот на мај минатата година, пренесе Зери.

КОЛУМНА

Коха: Изненадувањата на една превртена дилема

„Од почетокот на војната во Украина, таа се покажа како војна полна со изненадувања. Украина изненади со својот отпор и херојска храброст, додека Русија изненади со својот импресивен неуспех и неспособност.

И во духот на пријатните изненадувања е изненадувањето на ЕУ. Кога започна војната во Украина, сите бевме убедени дека можеме да се потпреме на САД, но дилемата беше дали можеме да се потпреме на ЕУ? Денес, две години подоцна, се соочуваме со превртената дилема: знаеме дека можеме да сметаме на ЕУ, но дали можеме да сметаме на САД?“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Изненадувањата на една превртена дилема“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Сечени, лепени и монтирани вести

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk