ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

February 29, 2024 18:23
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Северна Македонија, Србија и Албанија, започнува утре, 1 март, што значи дека сите граѓани на овие држави со наједноставна процедура ќе можат да се вработат во која било од земјите од оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што информира Стопанската комора на Србија (ПКС), еден од првите што доби Oтврен Балкан ИД, електронски сертификат кој му овозможува да работи во која било земја на Отворен Балкан, е претседателот на ПКС Марко Чадеж.

– Од 1 март оваа година, граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија конечно ќе можат да живеат и работат во која било од трите земји како во својата. За овие наши простори каде првото правило на јавната администрација беше „не може“, 1 март е револуција. Пред точно три години и три месеци, лидерите на земјите од Отворен Балкан одлучија и потпишаа визионерска одлука за воспоставување слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан. Три години и три месеци лидерите и неколку вредни луѓе од управите ги убедуваа со логични аргументи своите „не може“ колеги, рече Чадеж.

Тој оцени дека до пред само три години не нè интересирало кој во Албанија или Северна Македонија ја работи истата работа како и ние, обидувајќи се да им го направи животот на граѓаните подобар.

– До пред само три години верувавме дека ако сакаме да биде подобро за нас, мора да биде полошо за нив. Три години се запознававме, сфативме дека ги имаме истите проблеми, изјави претседателот на ПКС и првиот работник на слободниот пазар на Отворен Балкан.

Предностите од слободното движење на работниците во регионот, без никакви административни бариери се повеќекратни, почнувајќи од можноста за вршење сезонски работни места, преку намалувањето на дефицитарните занимања и зајакнувањето на довербата на инвеститорите до растот на клучните сектори во економијата.

Слободниот пристап до пазарот на трудот од околу 11 милиони жители се очекува да го спречи понатамошниот одлив на мозоци и младите од регионот преку нудење можности за вработување, но и да одговори на зголемените барања за квалитетен кадар, како на локални така и на меѓународни компании кои работат во регионот.

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија, кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан или веќе нашле работодавач, треба да имаат матичен број за кој ќе можат електронски да се регистрираат во неколку чекори. Ова значи дека треба да пополнат формулар на платформата (eУправа) и да приложат валиден биометриски документ. Врз основа на доставените податоци, надлежните органи преку платфотмата еУправа  генерираат единствен идентификациски број на Отворен Балкан (IDOB).

После тоа, заинтересираната страна може да пристапи до порталот за еУправа на одредена земја и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот. Одредената земја по проверка ја донесува конечната одлука. По добивањето на одобрението, заинтересираното лице може да се вработи, под исти услови како локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој периодот може да се продолжи престојот т.е. рокот на работната дозвола.

Next Post

Мицкоски се смееше на ветувањето од СДСМ за просечна плата од 34.000 денари до 2024, денес таа изнесува 40.000 денари

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk