ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Приказната зад единствената позната уметничка слика на Битлси

February 29, 2024 17:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, СВЕТ
Фото: Кристи/Би-Би-Си

Фото: Кристи/Би-Би-Си

Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на рок-групата Битлси насликале психоделична слика. Истата ја чувале во јапонска хотелска соба. Нејзиното создавање означувало момент на смиреност во бурно време. Ова единствено уметничко дело се продава на аукција во Њујорк од 1-ви февруари, пренесува Би-Би-Си.

Делото требало да биде нивниот  голем вовед на Истокот, но кога Битлси се симнале на аеродромот Ханеда во Токио на 29 јуни 1966 година, облечени во јапонски палта, обезбедувањето било брутално. „Ниту еднаш немам доживеано да не чуваат толку многу луѓе“, прокоментирал тогаш тапанарот Ринго Стар. Смртните закани упатени од јапонските националисти, кои ја сметале популарната четворка за инвазивната западна култура, го затвориле бендот за речиси целото времетраење на нивната петдневна турнеја во раскошниот претседателски апартман во хотелот Хилтон во Токио, со нивните музички инструменти.

Турнеја во Јапонија, 1966 година
(Фото: Getty Images)

Меѓу бројните подароци доставени до нивната соба имало сликарски прибор и материјали со највисок квалитет, вклучувајќи дрвени четки, акварели и масла. За да им помине времето, членовите на бендот положиле лист убава јапонска уметничка хартија на маса, поставиле керамичка светилка на средина од хартијата за да ја прицрврстат и почнале да ја создаваат „Images of a Woman“, за која се смета дека е единствената слика на Битлси.

По речиси шест децении, нивната слика сега е на продажба, со познатите четири потписи испишани во кружниот простор каде некогаш стоела светилката. Сликата со димензии 54,6 x 78,8 см се проценува на 400.000 до 600.000 долари.

Турбулентна турнеја

Надвор од безбедниот луксузен апартман, атмосферата била необична мешавина од хистерија создадена од млади обожаватели и ледено непријателство од јапонските традиционалисти. Нивниот менаџер, Брајан Епштајн, го ангажирал единствениот доволно голем простор за да собере дотогаш невидена бројка на следбеници. Но, за одредени поединци, одржувањето на поп-концерт во светата сала Нипон Будокан значела осквернавување на важен центар за боречки вештини. Околу 3.000 полицајци биле распоредени секоја вечер за да го обезбедат просторот. Јапонскиот фотограф Шимпеи Асаи, кој имал привилегиран пристап до Битлси за време на нивниот престој, за искуството изјавил дека ситуацијата била напната цело време. Самиот фотограф се чувствувал како да бил воен дописник.

Уметничката слика им претставувала засолниште на музичарите. „Ќе престанат да [сликаат], ќе одат и ќе направат концерт, а потоа ќе речат „да се вратиме на сликата!“.

Сите членови на Битлси покажувале интерес за уметност. Ленон посетувал уметнички колеџ и бил компулсивен чкртач, додека Макартни бил страствен фотограф. Подоцна, Ринго Стар и Пол Макартни го важеле сликарството значаен дел од нивната пауза од музиката, често собирајќи пари за добротворни цели од продажбата на нивните дела, а Харисон дури направил и платно од надворешноста на својот дом во Сари, украсувајќи го со шарени витри.

Горе на 10-тиот кат, во собата 1005, секој Битлс работел на свој квадрант и го потпишал своето име покрај истиот, оставајќи ни фасцинантен увид во умот на секој музичар. Во долниот десен дел, уметничкото дело на Џорџ Харисон, кој го воведе индискиот ситар во снимките на Битлси, е најекперименталното, што воопшто не е изнадувачки. Над него е квадрантот на Мекартни: најпрецизниот и најфино насликан, што можеби зборува за перфекционизмот на текстописецот. Делото беше без наслов со децении, додека еден новинар не прокоментира дека придонесот на Макартни наликува на женски гениталии.

Images of a Woman е направена во клучен период во историјата на Битлси. И покрај растечката популарност меѓу фановите од Истокот кои доведоа до распродажба на сите карти, сите пет ноќи во Јапонија, тие не биле во можност да се ослободат од контроверзноста создадена претходно истата година која произлегла од коментарот на Ленон дека се „попопуларни од Исус“. „Битлси се откажаа од турнејата два месеци откако беа во Токио и никогаш не се обединија како група“, изјави историчарот на Битлси, Марк Левисон за Кристи. „Тоа е една од причините зошто оваа слика е толку посебна бидејќи тие повторно не поминаа толку време заедно“.

Кога дошло време да го напуштат апартманот и да се упатиме кон Филипините за следната фаза од турнејата, готовата слика била дониран на фан клубот на Битлси во Јапонија, а подоцна преминала во рацете на колекционерите. Тоа било бурен период за бендот, но создавањето уметничко дело им помогнало да го надминат.

Марта Пешевска

Tags: 1966 годинаБитлсиЈапонијауметничка слика
Next Post

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk