ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

И по Камчев – Керим: Ништо ново во ВМРО – ДПМНЕ

March 3, 2024 10:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Некогашниот директор и косопственик на МПМ, Срѓан Керим ( долгогодишен близок соработник и деловен партнер на Орце Камчев, финансиерот на ВМРО ДПМНЕ назначен на црната листа на САД) осомничен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за сторена „Злоупотреба на службена положба и овластување“, согласно член 353 од Кривичниот законик, за „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 став 3 од КЗ и за „Намерно предизвикување на стечај“!, директен виновник за згаснувањето на  дневните весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“ и неделникот „Теа Модерна“, поради кого без работа  и со неисплатени плати останаа неколкуте стотици новинари и технички персонал вработени во „Медиа Принт Македонија“, и печатницата „Графички центар Скопје (ГЦС), во сопственост на МПМ, се појави денес како делегат на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Името на Керим, некогашниот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работии и советник во Владата на времениот премиер Емил Димитриев се поврзуваше и со аферата „Евра во шише“, бидејќи во 2008 унгарските цариници открија 750.000 евра во кеш кај возачот на Срѓан Керим во „Медиа принт Македонија“, пари кои тој, иако имал обврска, сепак не ги пријавил кога ја преминувал границата. Возачот на Керим пред унгарските власти објаснувал дека еврата ги носи од МПМ во централата во Виена. Немало потреба да го спомене името на испраќачот.

Како куриозитет, фирмата во која заедно со Орце Камчев беше дел од сопственичката структура и директоруваше сегашниот делегат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ја финансирала изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со 300.000 евра, а немала пари да исплати плати на вработените и да продолжи со работа.

Еве, ова се новите лица на иднината што ја нудат Мицкоски и ДПМНЕ:

Пајташот на Орце Камчев од Црната листа на САД, делегат на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ
Меѓу делегатите на конвенцијата и пулените на Грујо, и еден бивш Љубчовист, новите лица на ВМРО – ДПМНЕ

И секако, најголемото освежување во понудата, претседателската кандидатка Гордана Силјановска давкова, кадарот на Бранко Црвенковки, министерка без ресор во првата политичка влада на СДСМ, далечната 1992 година.

Претседателската кандидатка на ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова министерка без ресор во првата Влада на Бранко Црвенковски ( во бело, веднаш до БЦ)

Да не биде „ не сте знајали“, после гласање џабе е каење.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Tags: ВМРО-ДПМНЕделегатконвенцијаОрце КамчевСрѓан Керимцрна листа
Next Post

СБ на ОН изрази загриженост поради убиството и ранувањето на Палестинци кои чекаа помош во Газа

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk