РИСТО ЏАНГОВСКИ
– Ооооо, Мики кај си ти? Те нема ко бибер у коцки.
– Еве, до пензиско…да видам то извештајот, колку стаж, колку ми е платено…да соберам документи пред дидам у пензија.
– Уше колку имаш?
– Уше 4 до 64.
– Рано ти е бе….до тогаш ќе зголемат на 67 или 70 да се иде.
– Само ти заебаај се. Си кркна ти добро пензииче и те боли Стојко….до колку стигна?
– ( го шупчам) Накај 50 иљадарки. (не му кажујам за колку месеци)
– Многу бе? Нели беше и стечаец и од Завод зимаше 18 месеци.
– Шо ти знам…така ми пресметаа.
– Ја ќе бидам задоволен со 20 иљади.
– Ја мислам ќе имаш накај 30, по 4 години.
– Чул те ГоспоТ…важно е да дочекам пензија.
– А бе работи до 70, ако треба и до 80. Не се радуј брат на тој статус. Многу е заебан!
– Зошо?
– Затоа шо у просек пензионерите умираат многу повеќе од аутомеханичарите, молерите па, ако сакаш и дреарите ко ти.
– Да бе, а ти? Шо не си умрел?
– Зинат! Хонорарно работам уше бе, тибам глупавиот…ај оди да не те задржујам…војничка буквица зема?
– Зошо?
– И таа ја ја бараат у Фондот.
– Аиииии, ај отидов да ја барам.