ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Армија“ од Твитер ботовски профили со антиалбански и антизападен наратив во координирана акција за дискредитирање на Пендаровски

March 5, 2024 15:02
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Стотици корисници на социјалната мрежа Х (Твитер) вмрежени меѓу себе, кои со години наназад шират антиалбански и антизападни ставови и позиции создавајќи лажни вести, изминативе денови започнаа координирана акција за дискредитирање на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски.

Нашето истражување лоцираше најмалку 120 профили на социјалната мрежа Х кои огромен дел од објавените содржини ги насочуваат како напад кон претседателот на државата.

Скоро сите овие профили (кои поради вмреженоста на социјалните мрежи се нарекуваат и „ботови“) очигледно според анализата на објавите и редоследот се оркестририрани и со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, со антиалбански и антизападен наратив и секако со бројни лажни вести насочени кон секого кој не се согласува со ставовите на опозициската партија.

Најголем дел од овие лажни профили датираат од времето на референдумот за името или се отворени во последните 2-3 години, а многу често може да се забележи дека споделуваат и проруски содржини на своите профили.

Дека оваа група делува синхронизирано, покажува и фактот што пред некој ден, на 29.02.2024 година пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ. Миле Лефков има прес конференција против Стево Пендаровски од која наративот пласиран од Лефков се преселува на овие профили кои ги димензионираат нападите користејќи навреди, лаги, како и говор на омраза.

Имајќи ја предвид нивната „случајна“ координираност, прашуваме дали зад овие профили стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ? Дали ВМРО-ДПМНЕ стимулира говор на омраза против своите политички опоненти на социјалните мрежи? Дали ВМРО-ДПМНЕ стимулира и охрабрува антизападни наративи на социјалните мрежи и на крајот, дали се свесни во ВМРО- ДПМНЕ дека на овој начин создаваат дополнителен раскол по етнички линии и предизвикуваат нетрпеливост на етничка база?

Нападите, навредите, лажните вести, се чини и овие избори ќе бидат неодменлив дел на црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нешто што во последните години се чини стана заштитен знак на оваа политичка партија.

Извор: Актуале.мк

Tags: ботовиПендаровски
Next Post

Уште еден кандидат за претседател поднел иницијатива до ДИК за собирање потписи

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk