ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден и Трамп убедени во победа на „супер вторник“

March 5, 2024 11:29
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателските избори во САД се одржуваат за неколку месеци и сите прашања за тоа кој ќе учествува на овие избори се разрешуваат идната недела.

Денеска во САД е „супер вторник“ ден кога избори за претседателски кандидат од Републиканската и Демократската партија има во 15 држави. Следниот вторник избори се одржуваат и во уште четири држави.

Претседателот Џо Бајден, демократ, по сѐ изгледа ги има сите шанси за убедлива победа затоа што никој од неговите сопартијци не покажа сериозни намери да го оспори обидот на актуелниот шеф на државата да оди на резибор за втор мандат.

На републиканските избори доминира поранешниот претседател Доналд Трамп, кој досега извојува победи на сите гласања, покрај оние во неделата на изборите во престолничкиот округ Колумбија.

На „супер вторник“ Трамп има шанси да победи во повеќето, ако не и во сите држави каде се одржува гласање, вклучувајќи ги Тексас.и Калифорнија, кои на партиската конвеција испраќаат најголем број делегати.

Ако Трамп денеска покаже добри резултати тогаш веќе по една недела, на 12 март, кога е закажано гласање во уште четири држави, тој може да го добие потребниот број делегати да стане претседателскии кандидат на Републиканската партија. Тоа ќе биде веќе предодредено, и покрај тоа што речиси половина од 50-те држави и некои територии дотогаш нема да имаат гласано, а до партискиот конгрес во Милвоки остануваат уште четири месеци..

Набљудувачите коментираат дека претседателските внатрепартиски во САД годинава се прилично неконкурентни. Ова се однесува на изборот на предизвикувач од опозициската партија.

Во изминатите избори, актуелниот претседател обично нема сериозни предизвици во неговиот обид да се кандидира за реизбор. Што се однесува до предизвикувачот Трамп, како последен републикански претседател и неговото влијание на основиот електорат, се чини дека тој има исти шанси како и актуелниот претседател лесно да ја претрча трката за номинација.

Ники Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина и амбасадорка на САД во ОН, е е единствениот негов предизвик. И покрај скромните резултати од досега освоените делегати, Хејли останува во републиканската трка и се позиционира како опозициски кандидат на двата главни кандидати – Бајден и Трамп.

Нејзиниот повик е дека САД не заслужуваат  повторен „дуел на старци“, Бајден има 81 додека Трамп е само четири години помлад, а главниот апел до нејзината партија е дека републиканците прават огромна грешка што го номинираат Трамп бидејќи тој изгуби од Бајден во 2020 година и тоа може повторно да се случи.

Според досегашните резултати, Хејли има освоено само 43 делегати, додека Трамп има 244. На „супер вторникот“ се доделуваат 865 делагати, па се очекува разликата меѓу нив да се зголеми уште повеќе.

Кај демократите, претседателот Бајден досега победи со голема разлика во сите прајмеризи и се очекува да победува и понатаму. Сепак, некои политички сили, посебно оние од екстремната левица, сѐ поактивно ги повикуваат избирачите демократи да му откажат подршка на претседателот и на тој начин да изразат протест поради подршката на Бајден за Израел и нападите во Газа.

Минатата недела во Мичиген Бајден доби 81 отсто од гласовите, но 13 отсто од гласачите на овие демократски избори ја штиклирале графата „не го подржувам актуелниот претседател“.

Главниот повик на Бајден е дека ако САД го сменат курсот со Трамп како претседател „американската демократија ќе биде исправена пред пропаст“.

Извор: МИА

Tags: „супер вторник“БајденСАДТрамп
Next Post

Макрон: На ​​Европа и треба стратешко будење поради Русија

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk