ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стартува Слободниот пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан” за граѓаните на Македонија, Србија и Албанија

March 5, 2024 13:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Од денеска, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан”. Мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и тоа Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, како и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, информираат од Владата на Северна Македонија.

Оттаму велат дека мерката има цел да придонесе кон отстранување на бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето и да овозможи користење електронски услуги во рамките на самата иницијатива.

„Заинтересираните граѓани за слободен пристап до пазарите на труд на Северна Македонија, Албанија и Србија најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, со што потоа аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во останатите две држави. Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена.

Откако заинтересираните граѓани ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID), кое веднаш се генерира, следен чекор е со тој број да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија https://euprava.gov.rs/ или во Албанија https://e-albania.al/.

Постапката е целосно и детално опишана на следниве линкови:

  1. https://uslugi.gov.mk/otvoren-balkan.nspx
  1. https://av.gov.mk/otvoren-balkan-severna-makedonija-srbija-i-albanija-ns_article-izvestuvanje-za-otpocnuvanje-na-uslugata-sloboden-pristap-do-pazar-na-trud.nspx

Oдговорни институции за спроведување на мерката во Северна Македонија се Министерството за информатичко општество и администрација преку порталот uslugi.gov.mk во делот на издавање Идентификациски број за Отворен Балкан, Министерството за внатрешни работи во делот на издавање матичен број за странци и центрите на Агенцијата за вработување во делот за издавање сертификат за слободен пристап до пазарот на труд, со кој се овозможува вработување во Република Северна Македонија.

Оваа мерка придонесува кон напредок и економски просперитет, имајќи ја предвид важноста на полето на движење на работниците. Мерката во целост е усогласена и го почитува спроведувањето на правото на ЕУ во областа на слободно движење на работниците и подготвување за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ.

Со Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот се потврдува подготвеноста за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел да придонесеме за економски развој и зголемување на економскиот раст, инвестиции и вработување на Западен Балкан.

Ова значи дека со овие новости и олеснувања, граѓаните добиваат многу побрз и многу полесен пристап до можностите за работа во трите држави. Од моментот на обезбедување пристап на пазарот на труд, во сите следни фази кои подразбираат преговори за работа, вработување и пензиско-здравствено осигурување, правата и обврските на граѓаните и компаниите остануваат неизменети, односно исти како и до сега, во согласност со националните законодавства.

Со стартот на реализација на овие договори, на лицата кои ќе добијат ОБ-ИД им се овозможува непречен престој од две години во кои имаат право да најдат работа“, се наведува во соопштението од Владата.

Tags: ВладаОтворен БалканСлободниот пристап до пазарот на трудот
Next Post

(ВИДЕО) Мицкоски фатен во лага: Во 2018 година призна дека бил асистент кај татко му, а сега негира

НАЈНОВО

Дестан Јонузи

Македонската фарса на ветувањата

August 18, 2025

Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

August 18, 2025

Пријавени 13 кандидати за претседател на ДКСК, ќе се одлучува по локалните избори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk