Во ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сè уште не е познат само носителот на листа за парламентарните избори за петтата изборна единица. Претседателот Христијан Мицкоски како што е познато ќе биде носител во првата изборна единица, а како што потврди денеска, во втората изборна единица прв на листата ќе биде потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, во третата Драган Ковачки, во четвртата потпретседателот Александар Николовски, додека во шестата изборна единица Дафина Стојановска.
Мицкоски очекува набрзо да се финализираат листите за пратеници за изборите на 8 мај.
– Според планот на активностите некаде 31 март е предвиден ден за промоција на листите за пратеници. 30 март е денот кога официјално ќе се потпише коалицискиот договор, така што во рамките на овие две-три недели ќе биде се познато, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, на настан во скопската општина Аеродром..