ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лариса Дир ѝ се заблагодари на Северна Македонија за приклучување кон осудата на руските квази избори во окупираните територии на Украина

March 16, 2024 17:38
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Украинската амбасадорка Лариса Дир денеска и се заблагодари на Република Северна Македонија што им се приклучи на 54 земји-членки на ОН во заедничката изјава како одговор на организираните руски претседателските избори во привремено окупираните територии на Украина.

Благодарни сме за тоа што 🇲🇰 им се приклучи на 54 земји-членки на ОН, кои ја поддржаа Заедничката изјава (15.03.2024 во Њујорк) како одговор на организацијата од страна на РФ на претседателските избори во привремено окупираните територии на Украина.
➡️ https://t.co/Pd9ryUsg4V pic.twitter.com/tkF304BOOE

— Larysa Dir (@dir_larysa) March 16, 2024

Во заедничката изјава прочитана од постојаниот претставник на Украина во ОН, Сергиј Кислица, повеќе од 50 земји, меѓи кои САД, Франција, Велика Британија, Јапонија, Австралија, Јужна Кореја и други, се осудува одржувањето на руските претседателски избори во неколку украински региони.

„Во име на Украина, Албанија, Андора, Аргентина, Австралија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Чиле, Костарика, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Латвија, Либерија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Маршалските Острови, Монако, Црна Гора, Холандија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Норвешка, Палау, Парагвај, Полска, Португалија, Република Кореја, Република Молдавија, Романија, Сан Марино, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави, Уругвај и Европската Унија

Најостро ги осудуваме нелегитимните обиди на Руската Федерација да организира руски претседателски избори во привремено окупирани области во меѓународно признатата територија на Украина. Одржувањето избори на територијата на друга земја-членка на ОН без нејзина согласност е очигледно непочитување на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Ваквите избори немаат валидност според меѓународното право“, пишува во заедничката изјава.

Во изјавата, исто така, се бара од Русија „да ја прекине својата воена агресија против Украина и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од територијата на Украина во нејзините меѓународно признати граници“.

Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и помошничката на генералниот секретар на ОН за политички прашања, Розмари Ди Карло нагласија дека одржувањето на руските избори на украинските територии контролирани од Москва е „неприфатливо“, објави ЦИВИЛ МЕДИА.

На овие избори гласаат и жителите на четирите украински региони – Доњецк, Луганск, Запорижја и Херсон, кои беа анектирани од Русија во септември 2022 година, што претставува кршење на меѓународното право од страна на Москва.

Г. Т.

Tags: заедничка изјаваизбориЛариса ДирМакедонијаокупирани територииОНподдршкаРусија
Next Post

Бетина Старк-Ватцингер: Училиштата во Германија треба да ги подготват учениците за евентуална војна

НАЈНОВО

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk