ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Герасимовски: Во моментов се подготвува проект за новиот изглед на салата „Работнички“

March 19, 2024 12:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар го чека идејниот проект за салата „Работнички“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој денеска гостуваше во утринската програма на Телма телевизија, откри дека клубот за две години се вратил на старите победнички патеки, а шампионската слика ќе ја комплетира со новата сала.

“Се уште немаме идејно решение како салата ќе изгледа, но ќе биде со истите димензии, целосно реконструирана, со нов паркет и трибини, нови санитарни чворови и нов кров“, рече Герасимовски.

Тој исто така истакна дека како и салата така и клубот биле во многу лоша финансиска состојба, но по спонзорството во 2022 година клубот почнал да се крева.  Со добиените средства од Владата во вредност од 30 милиони денари минатата година, клубот сериозно се враќа на шампионските патеки.

„Во 2021 ноември кога дојдов во општината како градоначалник, клубот беше на десетто место со четири неисплатени плати, со лоши внатрешни односи и со околу 600 000 евра долг. Во моментов клубот е на прво место. Има сериозни спонзори, одлична екипа на играчи, но и внатрешните односи се на високо ниво. Од долгот останати се околу 70 000 евра од 600 000 колку што должеше пред 2 години.  Очекуваме оваа година да бидеме шампиони и да го задржиме како и досега првото место, како и многу успеси во текот на следната година. Се враќа Работнички на победничките патеки“, рече Герасимовски.

Тој во гостувањето зборуваше и за идните проекти на општината како поставување на фотоволтаици, катната гаража во Капиштец, новите зеленила, проектите за намалување на проблемот со паркирањето и др.

Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Во Брисел средба на преговарачите од Косово и Србија; Заедницата не треба да биде услов за членство во ЕУ; во Хаг продолжува судењето против Тачи и другите

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk