ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Утрински навики на успешните луѓе

March 20, 2024 11:16
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Успехот не е резултат само на среќа, се вели, иако среќата е неопходна за успех, туку на напорна работа, дисциплина, упорност и доследност. Така, формулата за успех делумно зависи од она што е заедничко за успешните луѓе. Тука се, пред сè, и нивните утрински рутини, меѓу другото.

Имено, секој од нив максимално го користи своето утро. А, тоа многу ретко значи – спиење до доцна… Следат уште некои навики на успешните луѓе за наутро.

Имаат зацртани намери

– Утре наутро, одвојте малку време за да ги поставите Вашите намери за денот. Како сакате да се чувствувате, да се однесувате? Кои вредности сакате да ги отелотворите? Тоа е компасот со којшто треба да се движите низ денот, објаснува психологот Лахлан Браун.

Зацртувањето цел е една работа, а поставувањето намери е сосем друго. Успешните луѓе ја разбираат разликата и го почнуваат денот со јасно одредени и определени намери. Тука не се работи само за тоа што сакаат да постигнат, туку и како да се чувствуваат и како сакаат да се поврзат со светот околу нив. Станува збор за усогласување на зацртаните постапки со своите вредности и стремежи.

Но, тоа не е секогаш лесно. Сè може да тргне наопаку во текот на денот. Внимателноста ги учи луѓето повторно да го насочат своето внимание на своите намери, без осудување или фрустрација. Се работи за тоа да се препознае кога се случило застранување за да се вратиме назад.

Успешните луѓе вежбаат

Тие имаат самодисциплина да станат рано и да го одработат тренингот. Советот тука гласи: Почнете со рекреација со помалку напор. Полесните вежби за истегнување, или основни јога-пози – се повеќе од доволни за почеток.

Си ги хранат умот, духот и телото

Покрај појадокот што го храни телото, важно е да се хранат и духот и умот. Успешните и задоволни луѓе го почнуваат денот со добра книга, музика и / или медитација. А, првото нешто што ќе го направите во денот ќе се протега низ него како силна нишка и ќе го дефинира.

Совет: Погрижете се тоа да е нешто добро и инспиративно. Нахранете го Вашиот ум само со најдоброто.

Вон интернет-просторот и на тишина

Во овој свет полн со премногу информации и интернет-врева – тишината е скапоцена. Но, само малкумина се свесни за тоа. Да се почне денот со шолја омилено кафе или чај – во тишина, покрај прозорец и умерена сончева светлина, вреди повеќе од „велнес“ викенд. Молкот и исклучувањето не значат игнорирање на светот, ниту бегање од луѓето, туку едноставно простор за – себе.

„Не правење“ ништо

Успешните луѓе често минуваат дел од своето утро не правејќи апсолутно ништо. Во свет каде што да се биде продуктивен е императив, ја заборавивме вредноста на „чистото постоење“. Свесноста, сепак, нè учи дека е во ред да застанеме, да одвоиме миг и само да дишеме… Да дозволиме умот да талка, т.е. „да го оставиме мозокот на пасење“, како што се вели. Токму во тие мигови се раѓаат најдобри идеи, велат, а проблемите добиваат решенија.

Советот и тука гласи: Пробај го тоа утре, и тоа наутро. Одвојте неколку минути за одмор. Можеби ќе Ве изненади она што ќе Ви се појави на ум.

Tags: навикиСоветиуспехутро
Next Post

Камерон: Прекинот на огнот во Газа е клучен, но треба да се исполнат условите

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk