Утринава осамнаа транспаренти во Куманово на кои стоеше натписот „Со лажни потписи за претседател не се победува на избори #НикогашПовеќеДПМНЕ“ со што граѓаните порачуваат дека се прочитани игрите на ВМРО-ДПМНЕ и лажните анкети.
Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ги натера граѓаните да излегуваат и да се потпишуваат, но на крај нејзината кандидатура ја поднесе со потписи од 30 пратеници, откако беше кажано дека сите потписи од граѓани ќе бидат проверувани и верификувани.
Опозициската партија ваквото пријавување во „трката“ за претседател го означи само како техничка грешка, но граѓаните се прашуваат колку реално Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ги собраа потребните потписи.
Кандидатурата на Силјановска-Давкова поддржана од 30 пратеници само покажува дека таа е обичен партиски кандидат на овие избори, за разлика од актуелниот претседател Стево Пендаровски. Пендаровски ги собра потребните потписи и поднесе граѓанска кандидатура за претседател и покрај поддршката од СДСМ и останатите коалициони партнери, реагираат од СДСМ.
Д. Е.