Во терористичкиот напад во Крокус загинаа 40 лица, повеќе од 100 се повредени, потврди Андреј Воробјов, гувернерот на московскиот регион и изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Тојн информира дека лекарите продолжуваат да им пружаат помош на сите настрадани.
– Лекарите состојбата на мнозинството ја оценуваат како умерена, а петмина се во тешка состојба, рече тој.
На терен се и два противпожарни хеликоптери.
– Главната задача сега е да се изгасне пожарот. Се шири на голема површина, информира Воробјов.
Неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.
Поврзано:
(ВИДЕО) Најмалку десетина убиени, а многу повеќе ранети во пукање во концертна сала во Москва