„Ендохедрални фулерени базирани на азотни атоми“. е најскапата прашкаста супстанција на Земјата што се продава за 140 милиони долари за грам пишува Unilad.
Но, зошто Ендохедралните фулерени базирани на азотни атоми се толку енормно скапи?
Тоа е поради тоа што супстанцајата би можел да се користи во иднина, или поточно такаквата технологија може да ни овозможи да развиеме мали атомски часовници.
Ендохедричните фулерени базирани на азотни атоми имаат потенцијал да се користат за создавање на многу мали, високо прецизни атомски часовници.
Атомските часовници се клучен дел од тоа како функционираат GPS системите, што ги прави многу важни за навигацијата.
Проблемот е што во моментот атомските часовници се прилично големи – големина на соба.
Но, користењето ендохедрални фулерени базирани на азотни атоми може да помогне сегашните атомски часовници да изгледаат како старите компјутери на IBM па се до модерен смарт телефон.
Тоа може да има огромни импликации за тоа како ги користиме и атомските часовници, проширувајќи ја нивната употреба надвор од навигацијата.
Доволно мал атомски часовник може да се користи за прецизно да се одреди локацијата на нешто, како и да се елиминираат слепите точки на GPS со тоа што има вграден атомски часовник.
Ендохедралните фулерени базирани на азотни атоми се развиени од научници од Оксфорд во Designer Carbon Materials и тие сметаат дека во иднина дури и паметните телефони би можеле да имаат атомски часовник во нив.
Интересно е што името на материјалот, поточно делот „фулерен“, е директно поврзан со неговата структура.
Ова е „кафез“ од јаглеродни атоми со атом на азот во нив.
Името „фулерен“ се однесува на овој „кафез“ и доаѓа од името на архитектот и филозоф Ричард Бакминстер Фулер, кој беше познат по неговите дизајни со карактеристични испреплетени триаголници во геодетска купола.
Подготви: Ј. Ѓ.