ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Во Тирана протести против однесувањето на Рама кон новинарите; во Советот на Европа ќе се разгледува извештајот за Косово

March 27, 2024 10:44
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска активисти и новинари се собраа пред кабинетот на премиерот во знак на протест против насилничкото однесување на премиерот Еди Рама кон новинарката Амброзија Мета, известија албанските медиуми.

Неколку дена по спроведувањето на одлуката на Уставниот суд за Дечанскиот манастир, како услов за членство на Косово во Советот на Европа, Комисијата за политички прашања и демократија ќе го разгледува извештајот за членството на Косово во овој совет, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Зуртаре: Новинарите на протести против омаловажувачките изрази  на Рама кон медиумите

Активисти и новинари денеска се собраа пред кабинетот на премиерот во знак на протест против насилничкото однесување на премиерот Еди Рама кон новинарката Амброзија Мета.

Физичкиот инцидент се случи минатиот вторник, на 19 март, во просториите на седиштето на Социјалистичката партија, каде премиерот Рама физички ја допре по лице  новинарката Амброзија Мета.

Активисти и новинари со транспаренти во рацете и повици за слобода на медиумите протестираа и против заканите кон новинарите Ола Џама и Иса Мизира, пренесува Зуртаре.

Топ Чанел: Се гради групата за дијалог, Комисијата која ќе ја подготви Изборната реформа во Собранието

Социјалистичкото мнозинство и пратениците од обновата се очекува да ја унапредат соработката за законите кои бараат 3/5.

Тие имаат за цел да го постигнат тоа преку таканаречената „Група за дијалог“ која ќе работи во рамки на собраниската Комисија за закони. Социјалистите инсистираат на тоа дека немаме работа со парламентарна поткомисија.

Партиите ги имаат подготвени составните имиња на оваа група, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

РТВ 21: Денеска во Советот на Европа ќе се разгледува извештајот за Косово

Неколку дена по спроведувањето на одлуката на Уставниот суд за Дечанскиот манастир, како услов за членство на Косово во Советот на Европа, Комисијата за политички прашања и демократија ќе го разгледува извештајот за членството на Косово во овој совет.

Ден пред испитувањето, Министерството за надворешни работи на Косово очекува позитивен резултат.

Заменик министерот Крешник Ахмети е оптимист дека членството на Косово во Советот на Европа може да се случи годинава, пренесува РТВ 21.

РСЕ: „Либерализацијата нема смисла без зелен картон“: Институциите во потрага по решение

Косово е единствената земја во Европа која не припаѓа на Советот на европските бироа и, следствено, нејзините граѓани остануваат надвор од системот за зелена карта.

Зелениот картон е меѓународен сертификат за осигурување на возила и е признат од властите на 47 земји на Советот на европските бироа.

Во негово отсуство, граѓаните на Косово кога ќе излезат треба да плаќаат различни суми – во зависност од должината на престојот во странската држава.

Ваква е состојбата со години и покрај напорите на надлежните да се најде решение, се наведува во статијата во Радио Слободна Европа на албански јазик.

КОЛУМНА

Коха: Имаше многу, не само една, причини за интервенција на НАТО

„Пред 25 години НАТО и неговите земји членки направија се да не интервенираат во одбраната на Косово. А воздушните напади се случија како неуспех на тие напори.

Интервенцијата дојде како резултат на многу неуспеси да се најдат мирни решенија, како резултат на неуспехот да се спречи геноцидот во Босна и Херцеговина и како резултат на наивното верување дека може да се изгради мир со Милошевиќ. Интервенцијата на НАТО беше задоцнета и ако се случеше порано ќе спасеше повеќе животи.“, пишува Аугустин Палокај во колумната „Имаше многу, не само една , причини за интервенција на НАТО“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Време на измамници

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk