ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Човек за потпалување на најниски страсти и лудила

March 29, 2024 11:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Во моето скромно „дебатерско искуство“, фасциниран од стиловите на моите соговорници кои „ми се изредија“ последниве години, приметив еден фантастичен детаљ: таквите билмези најчесто – во едно друго време, во една друга темпоралност – стоеја на врати во дискотеки: кожна јакна, ролка натегната во тренерки, страшно кратка фризурица, потшишан „на нула“ околу ушите и во темето, исклучително богат речник прагматично сведен на неопходините зборови: кwrqaц, палац, „шо ме гледаш“, „каде си тргнал вака“ (?), повеќе ти се обраќа како да ти се обраќа некој колектив, онака надмено, нередбено, ти го граба микрофонот, хистеризира, онаа „жила/вена-серуша“ на челото константно му се набрекнува… Ти звучи како генерички случај, од колку што звучи како пристојно човечко битие.

Се расправаше, се уценуваше, се наредуваше, се денунцираше, се врескаше, се хистеризираше; се прашуваш после некое време -кога во оваа земја ќе се живее разумно и цивилизирано, ни повеќе ни помалку од тоа?

Тој тип, ене го, персонифициран во Стојанче А., прелетува во таборот на Мицковци; прилично сиромашен речник, што од друга страна веројатно за него никогаш немаше да чуеме ако и самиот сериозно не се потрудеше за него да се слушне: од „генералисување“ до кршењето на тараби/цигли/тули или така некој сличен нежив предмет. Како некој откачен пубертетлија кој брзо-потезно се дофаќа за некоја „постмодерна“ сурла и ги „распука на две“ своите довчерашни сојузници, за малку не реков „своите пријатели“. А всушност само ги цеди своите тривијални душевни „митсери“ на својата кожа на помалку нековенционален начин.

Велам, сум го гледал, слушал и читал одблизу и ламентирав со него прашувајќи се како е возможно да јас и тој некогаш сме биле на иста страна? Дури би рекол, и тоа што сме опкружени јас и тој на иста планета мене ми е доволна казна за кој-да-знае какво хередитарно злосторство и прастар грев сум извршил во „минатиот живот“ или во мојата претходна инкарнација? Ако има таков човек што знае, го молам уште сега да ми каже.

Ете, дочекавме и тоа, Стојанче А. се фали дека со Мицкоски потпишале декларација/меморандум за соработка, па ни се фали дека техничкиот премиер Џафери му се јавил лично, за, внимавајте, доцна синоќа да прочитам на онлајн магазинот „Фокус“: „Сојанче Ангелов, ако СДСМ победи, спремен е за 5.000 евра месечно да ги советува“?

Скапо друштво е Стојанче А., собира екипа од „вечниот училишен ќош“, лицитира, уценува, благо се заканува, а на крајот секогаш е некој личен интерес: дајте ми опасно-силни-пари ако сакате да ве застапувам. Колку сакаш, Стојанче, дали 5 илјади евра ќе ти завршат работа? Можеби 10 е подобро? Можеби 20? Слушај, заеби ти тоа, еве рака за 50., доста беше ценкање, може ли? И тоа сите го видовме, немојте да се правиме наудрени. Како што го видоа и останатите статисти за спотови од рубриката „Рокери с Мораву“ кои, кога конечно сфатија дека стануваат аудио-визулени исти како својата публика, престанаа да се појавуваат во јавност. Со една мала разлика – се повлекоа од сцена кога во целиот тој циркус публиката почна да ги сфаќа сериозно.

На таква публика не е тешко да и се закачиш „на чело“, што го докажува и нашиот денешен „јунак“.

Сега Стојанче може да има нова метафора: човек-потпалувач, шериф на една Топола, може да направи оган од „народен гнев“ ако не му се удоволи сумата од 5 илјади евра месечено, ако и само под еден услов – СДСМ остане на власт.

Туку, искрен да бидам, мене повторно ме мачи прашањето – Како е возможно јас и Стојанче некогаш да сме биле на иста страна? Од надвор гледано, бевме, не може да речам дека не бевме. Од друг агол, од тој агол нема ништо: јасно е денес дека тој и неговите силни момчиња немаат појма зошто воопшто биле „во“ и „со“ СДСМ, а уште помалку беа вклучени и во општограѓанскиот бунт против заробената држава на Груевски.

Или може беа тука за да направат нова заробена држава по истиот пример, па кога видоа дека нема ништо од тоа, ете ги на страната на новите „ослободители“.

Едноставно речено, ова е така одвратна и досадна приказна за „мангупите од нашите редови“? Ама не е така, драги пријатели. Оти, моите се мои, твоите се твои, а „нашите“ се „наши“.

Ова го знае дури и една „величина“ како Павле Трајанов, тој, кутриот, пак, отиде уште кога му се понуди дека нема да биде таму каде што сакаше да биде. Па не остана ниту кај „нашите“ ниту кај „нивните“.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌСтојанче Ангелов

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk