ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Вкупно 838 млади почнале свои бизниси преку националната програма „млад земјоделец“

March 29, 2024 20:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Младите земјоделци се во нашиот главен фокус, преку двете мерки со поддршка од 10.000 и 20.000 евра за млади земјоделци, како мотив да почнат свој бизнис и активно да се вклучат во земјоделството, досега вкупно 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката и тоа: 576 со грант од 10.000 евра и 262 со грант- поддршка од 20.000 евра, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при посетата на младата земјоделка, Мариа Дуда Дибиаџо во Ранковце која со поддршка од министерството за земјоделство ќе произведува „Селски ајвар” по рецептот на бабите. Рече, секојдневно на терен запознава нови успешни земјоделски приказни на млади земјоделци, жени земјоделки, успешни ИПАРД корисници или мали производители на храна и вино.

-Денес при посетите на Кратово и Ранковце имам можност да сретнам повеќе млади земјоделци, кои аплицирале и успешно ги реализирале мерките, што ги ставаме на располагање за поддршка на земјоделците.

Само минатата преку мерките за поддршка на малите винарии, мали дестилерии и мали производители на храна, МЗШВ поддржа 49 млади земјоделци кои успешно аплицирале и ги реализирале овие мерки, станува збор за поддршка вредна 27,7 милиони денари. Низ сите овие години, од 2017 до денес, преку сите мерки што ги имаат земјоделците на располагање, сме поддржале 2.689 млади земјодлеци, со поддршка вредна 1,5 милијарди денари. Поддршка со мерките за: млад земјоделц, набавка на педигриран добиток, набавка на трактори, комбајни за жито, сушари и комбајни за ориз, системи капка по капка, силоси, мандри, опрема за тутун, поддршка за пчелни семејства, подигнување на лозови и овошни насади. Преку ИПАРД 2 програмата, во чија реализација сме земја-лидер, поддржавме 1.212 млади лица, кои реализирале инвестиции вредни над 8 милијарди денари, рече Николовски.

-Секој ајвар од Балканот има своја приказна, А нашиот селски ајвар создаден на „Кантрисајт Ретрит” ,по рецептот и традицијата на бабите, изработен од жени кои сѐуште ја негуваат изработката на ајвар на селски начин, со намирници од локално производство. Со секоја купена тегла селски ајвар поддржувате семејство од ранлива категорија, изјави сопственичката,Мариа Дуда Дибиаџо,која од Њујорк се пресели во нејзиното родно село и тука започна успешна земјоделска приказна, покрај останатите активности, како рехабилитација на лица со попречености преку хипотерапија и други.

Николовски рече дека поддршката кон младите продолжува, според него, истата ќе се зголемува, со планирани 50 отсто повисоки грантови за поддршка на млади земјоделци кои започнуваат земјоделска дејност, од 10.000 на 15.000 евра, со 40 отсто авансна исплата, како и за младите земјоделци што во првите 5 години од превземање на бизнисот во земјоделството и нивно запишување во ЕРЗС системот, до 100 отсто пораст на субвенции од индректни плаќања.

-Нашата заложба младите да ги задржиме дома во својата држава е искрена. Крираме јасни и конркетни мерки за младите земјоделци. Мерки прифатени од младите, што даваат резултати, нагласи Николовски.

Tags: „Млад земјоделец“бизнис
Next Post
Фото: ДПИ

Државниот пазарен инспекторат ги демантира објавите на министерот Тошковски

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk