ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За Стево, нашиот добар човечки дух

April 4, 2024 10:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ   

Jaс не сум човек што не се замерува со луѓе за политичката реалност. Немам амбиција за функција, ниту сум имал амбиција за советник, пратеник, политичар, тоа не. Единствено кое сакам да работам е (ис)пишување на фрагменти за политика. Таа можност ми е пружена, па, оттука, благодарен сум за тоа. На себе, секако, и на некои други луѓе (пред се луѓето од „Цивил“) кои ми даваат простор да пишувам и зборувам.

Во таа смисла, сакам да ве потсетам на некои работи кои за малку ќе беа изедени од „забот на времето“: на (претседателот) Стево Пендаровски му правев интервју во х. Фени, Кавадарци, 2014. година додека беше во опозиција. Одговараше на 7-8 прашања, прилично сериозни и „социолошки“ обработени. Уште тогаш приметив дека се работи за стабилен, одмерен и јасен политичар. Сакам со луѓето да разговарам додека ги гледам в очи. За жал, од мене непознати причини, тоа видео – иако уредно прикачено на Youtube – денес го нема. Нејсе, тоа во овој момент е неважно. Важно е тоа што денес Стево Пендаровски трча за втор мандат за претседател на Републиката.

Ако не сте паднати од Марс или од некој Сатурнов сателит, ги знаете сите „општи места“ за Пендаровски и неговата (мулти)професионална би(бли)ографија: критичарски ангажман, професорски, претседателски; во секој поглед единствен на овој македонски космос. Нема смисла тоа да го „прежвакуваме“ ставка-по-ставка.

Тоа што Пендаровски го работи најдобро, а тоа е во сериозни времиња (големи и турбуленти), да ја води земјата на исправен колосек. Што од друга страна го отсликува неговиот човечки сензибилитет. И нашиот Стево знае да се замери со своите опоненти заради политичката реалност, што мене ми прави посебен „гушт“. Прониклив, елегантен, со огромно авторство во неговиот збор, притоа супериорно информиран.

Стево е скопјанец; а Скопје е жив организам; Стево ја познава улицата, кафаните, па дури и ако сакате „јавните нужници“; го познава и она прозаичо секојдневие како еминентно „културолошко“ прашање. Во некоја смисла, Стево Пендаровски на оваа сцена, барем за мене, претставува културно-еманципаторски реформатор, иноватор и едукатор. Сосема е неважно дали Пендаровски секогаш и за сè „беше во право“: се разбира дека не беше, ниту како опозиционер, професор, советник на бивши претседатели или денес како актуелен претседател. Ама тука има нешто друго кое мора да се каже.

Стево Пендаровски е најдобриот, најзначајниот и најреволуционерниот глас меѓу неколкуте одважни и најупорни „своеглавци“ кои зборувањето за политиката од него направи најзначаен и најважен претседател на Републиката. Дури во некоја смисла, претседателствувањето го претвори во естетско-хедонистичка категорија, така што она досадно и тоталитарно „Ние“ го замени со неговото категоричко „Јас“; оттогаш, политиката во оваа земја не може повеќе да се врати на она старо, анахроно и „груевистичко“.

Пендаровски е човек што со задоволство го слушам сите овие години. Секогаш се обидува да протне некои тези кои се вредни за размислување. Во неговиот глас има нешто „Бонвиванско“, има нешто умерено-аристократско, урбано, модерно, па дури и ако сакате „постмодерно“. Некој рече на Конвенцијата, „Стево никогаш не нè посрамил“, што навистина е точна констатацијa. Стево никогаш оваа земја и овие граѓани не ги потценил и посрамотил.

Во некоја смисла, Стево Пендаровски е премногу нормален човек за овие ненормални времиња. Таквите времиња се оформија, ненормалните времиња имено, откако Груевски и неговите епигони се обидоа да ја јавнат и „менуваат“ оваа земја. Секогаш кога таквите ќе се обидат да ја менуваат, знаеме на што тоа може да се заврши: латентна и перманентна граѓанска војна, само што кожните гаќи сами треба да си ги купуваме.

Додека беше Стево опозиционер, ги слушав и читав неговите коментари за политика, еднаш, два пати, пет пати, десет пати, одев од соба во соба, нога пред нога, размислувајќи дали воопшто ќе ги преживееме тие мачни единаесет години диктатура, ама знаев дека сепак, со таков човек на политичка сцена, ќе се извлечеме. Замислете, Стево Пендаровски го нотираше и моето постоење. Па, веројатно и тоа може да се земе како факт? Не е тоа малку за еден човечки живот, ако ме разбирате што сакам да кажам.

На самиот крај, би сакал да кажам и нешто за нашата прва дама, сопругата на Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.

Неверојатен дух, вистинска дама; приметив дека во нејзините очи провејува некоја тага, некоја лична животна драма. Приметив болка, страдање. Покрај тоа што искажа прекрасни, умерени и непатетични зборови за својот сопруг и иден претседател, нашата прва дама „истисна“ и лично страдање. Една од работите кои се важни во политиката: преку сопственото страдање да го разбереш страдањето на другите, тоа е, ми се чини, најважно. Госпоѓата Ѓоргиевски многу добро знае што значи тоа, а мене не ми е потребно да разговарам со неа за да знам кои се тие луѓе кои преку сопственото страдање знаат да го препознаат страдањето на другите луѓе и соодветно на тоа да делуваат во заедницата.

Добро и компактно семејство во основа, со еден „тивок самурајски“ кодекс според кој може да живеат најдобрите, најчувствителните и најемпатичните во ова наше, во основа, крволочно општество.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Next Post

Крај на потрагата по малата Данка: Вучиќ објави дека две лица го признале убиството

Најново

Филипче: Следната недела СДСМ го промовира новиот закон за борба против корупцијата       

May 8, 2026
Фото: ВИ

​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

May 8, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 8 мај 2026: Иновација, слобода и рушење на правилата

May 8, 2026

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk