Од Конвенцијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се појави една интересна фотографија.
Имено на конвенција беше уловен момент на срдечен поздрав и заедничка прегратка на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и поранешните претседатели на партијата и премиери на државата Зоран Заев и Владо Бучковски.
Сите тројца во позитивна атмосфера и со елан дадоа поддршка на Стево Пендаровски за втор претседателски мандат.
На овој начин СДСМ уште еднаш на дело покажува дека во нејзините редови има заедништво и обединетост во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 24 април и на 8 мај.
Може ли Мицкоски да гушне двајца поранешни премиери од својата партија? Има ли лидер во Македонија кој ги почитува своите претходници?, се дел од коментарите на социјалните мрежи што осамнаа под фотографијата.